Altera Kognicija

Altera Kognicija

Share

Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Altera Kognicija, Psychotherapist, Alekso Demnievski-Bauman 3, Veles.

Алтера Когниција - овде секој човек, брак и семејство може да се разбере, да се оствари и придвижи кон целта. Кај нас ќе најдете психолошка поддршка, едукација, дијагностика, психотерапија, ЛРР, невро-психолошки третман и рехабилитација за сите возрасти.

14/10/2026

Простувањето како подарок што си го подаруваме себеси

Често мислиме дека простувањето е нешто што им го даваме на другите. Некој нè повредува, а ние со текот на времето одлучуваме да му простиме. Но, вистината е дека простувањето не е само за оној што нè повредил. Тоа е, можеби уште повеќе, подарок што си го даваме себеси.

Да носиш лутина е како да држиш оган во рацете, надевајќи се дека ќе го изгори оној што те повредил. Но, додека се надеваме дека другиот ќе ја почувствува нашата болка, таа продолжува да гори во нас. Полека и тивко, сè додека не сфатиме дека тежината што ја носиме најмногу влијае врз нашиот сопствен живот.

Да простиш не значи да заборавиш што се случило, ниту да го оправдаш она што некој ти го направил. Значи да одлучиш дека повеќе нема да му дозволиш на тоа искуство да управува со твојот внатрешен мир.

Кога простуваме, создаваме простор. Простор за мир, за раст, за спокој. Престануваме постојано да се враќаме на истите болни моменти и си дозволуваме да бидеме присутни во она што се случува сега. Во таа смисла, простувањето е чин на слобода. Се ослободуваме од камењата на минатото за да можеме повторно да продолжиме напред со леснотија.

Најважното е дека простувањето не значи да се преправаме дека не сме биле повредени. Напротив, значи да ја признаеме сопствената болка, но и да одлучиме дека нашата иднина заслужува повеќе од тоа да биде изградена врз она што нè повредило.

И можеби најважното е уште колку долго ќе страдаш за нешто што некој друг ти го направил?

13/10/2026

🌿 Запознај го своето внатрешно дете

Во секој од нас живее едно дете. Дете кое некогаш било радосно, љубопитно и слободно, но и дете кое можеби се чувствувало исплашено, осамено, неразбрано или недоволно сакано.

Иако сме пораснале, дел од тие чувства, потреби и искуства продолжуваат да живеат во нас. Понекогаш се појавуваат во нашите односи, во стравот од отфрлање, во потребата постојано да им угодуваме на другите или во тешкотијата да поставиме граници.

🧩 Да го запознаеме своето внатрешно дете значи да се доближиме до оние делови од себе кои можеби долго време сме ги занемарувале.

Да се запрашаме:

🌱 Што ми недостасуваше кога бев мал/а?

🌱 Кои чувства тогаш не смеев или не знаев да ги изразам?

🌱 Што ми беше потребно да слушнам од возрасните околу мене?

🌱 Како можам денес да си ја дадам поддршката што некогаш ми недостасувала?

🎈 Запознавањето на внатрешното дете не значи враќање во минатото за да останеме таму. Тоа е можност со поголема свесност, нежност и прифаќање да го разбереме начинот на кој минатите искуства влијаат врз нашето сегашно живеење.

Не можеме да го промениме она што се случило, но можеме да го промениме начинот на кој денес се однесуваме кон себе.

🤍 Можеби токму она што најмногу ни било потребно како деца е она што денес треба да научиме да си го подариме себеси.

12/10/2026

Често се чувствуваме уморно, не затоа што правиме премногу, туку затоа што правиме премалку од она што буди светлина во нас.

Многумина од нас ги поминуваме работните денови трчајќи од една обврска кон друга, решавајќи итни, но не и суштински важни проблеми. Постојано се обидуваме да постигнеме повеќе, да завршиме побрзо и да стигнеме до следната цел. Живееме во иднината, размислувајќи за она што треба да го постигнеме, следниот состанок, работите што сакаме да ги купиме или викендот што го чекаме.

Постојано се обидуваме да стигнеме некаде, наместо да бидеме присутни таму каде што сме. Така го пропуштаме единствениот момент што навистина ни е достапен — сегашноста.

Повеќе време поминуваме на работа отколку со луѓето што ги сакаме. А кога ќе се вратиме дома, често сме позафатени со нашите уреди отколку со оние што ни значат. Функционираме на автопилот, а потоа се прашуваме: „Зошто сме толку уморни?“ Заклучуваме дека причината е во тоа што работиме премногу.

Но, што ако проблемот не е во тоа што правиме премногу, туку во тоа што правиме премалку од она што навистина ни е важно?

Можеби не нè исцрпува најмногу тешката работа, туку отсуството на смисла во она што го правиме.

Фатиме Мефаилоска
Психолог
Едукант во гешталт психотерапија
075-434-346

10/10/2026

По повод денот на менталното здравје 10ти Октомври, со цел покривање на свеста кај младите на тема "Булинг"

Врсничкото насилство не се победува со молчење, туку со храброст, разбирање и заедништво.

Имавме чест да бидеме дел од една прекрасна интерактивна работилница посветена на врсничкото насилство, реализирана преку игра на улоги, разговор и заедничко истражување на односите меѓу младите.

Она што ја направи оваа средба посебна беше енергијата на учениците, нивната отвореност, подготвеноста да размислуваат, да се стават во туѓа позиција и да согледаат дека зад секоја постапка стои човек, а зад секоја групна ситуација – односи, влијанија и избори.

Преку различни сценарија, разговаравме за улогата на оној што врши насилство, за болката на оној што го трпи, но и за одговорноста на оние што набљудуваат. Зашто понекогаш, токму молчењето на околината му дава простор на насилството да продолжи, додека еден глас на поддршка може да биде почеток на голема промена.

Особено ме радуваше да ги гледам младите како со искреност, креативност и емпатија пристапуваат кон темата. Нивната насмевка, активното учество и начинот на кој ги прифаќаа предизвиците потврдија дека за важните теми не мора секогаш да зборуваме преку предавања. Понекогаш е доволно да создадеме простор во кој младите ќе можат да размислуваат, да почувствуваат и да разберат.

Не можеме секогаш да избереме што ќе ни се случи, но можеме да избереме какви луѓе ќе бидеме во животот на другите.

Да не бидеме оние што повредуваат. Да не бидеме оние што се смеат на туѓата болка. Да не бидеме оние што гледаат и продолжуваат понатаму. Да бидеме оние што препознаваат, поддржуваат и реагираат.

Искрена благодарност до Europe House Veles Europe House за иницијативата, довербата и можноста преку вакви активности да придонесуваме кон создавање побезбедна и похумана средина за младите.

На учениците им благодарам за прекрасната енергија, искреноста и за потсетникот дека кога на младите ќе им дадеме простор да зборуваат, тие имаат многу повеќе да кажат отколку што понекогаш очекуваме.

Булингот не е проблем само на оној што го трпи. Тој е предизвик за целата заедница. А промената започнува тогаш кога ќе престанеме да бидеме неми набљудувачи и ќе станеме активни поддржувачи на човечкото достоинство.

— Иле Махлијанов - психолог

#СтопЗаВрсничкоНасилство #Булинг #Емпатија #МенталноЗдравје #МладитеСеВажни
#алтера #Когниција

Photos from Art Generator's post 27/09/2026

Психолошката работилница за деца, предводена од психолог Фатиме Мефаилоска, вака помина!

Попладне исполнето со имагинација, цртање, игра и изразување.
Заедно учевме што се емоциите, како да ги препознаеме кај себе и како преку цртање и креативност да го изразиме она што го чувствуваме.

Еден убав, разигран и поинаков фестивалски ден.

22/09/2026

Кој доктор според тебе е со купена диплома ? ☺️
A / B / C

На сликата имаме тројца доктори , да речеме дека се психијатри, пошто не се врти светот околу психологијата иако се ѐ психологија, но сепак еден од тројцата колеги психијатри е лажен, односно народски кажано е психијатар ама не го бива. Кој е тој според тебе ?

17/09/2026

Живеј со цел. Остави трага.

Со моето мото 'Живеј со цел и остави трага', директно би сакал
да ти пренесам порака во која би требало да на крај да сватиш : "Не живеј само за да поминат деновите".

Живеј така што секој ден ќе има нешто што си го разбрал, нешто што си го надминал и нешто добро што си го оставил зад себе.

Не мора да бидеш најгласниот човек во просторијата. Не мора сите да знаат кој си. Вистинската трага не се мери со бројот на луѓе што те паметат, туку со бројот на животи што станале барем малку подобри затоа што си поминал низ нив.
Имај цел, но не заборавај на патот.
Гради се, но не се губи во амбицијата.

Биди силен, но зачувај ја способноста да бидеш нежен.
Поставувај граници, но не дозволувај разочарувањата да ти го затворат срцето.

Психолошката зрелост не е живот без болка. Таа е способност да ја претвориш болката во разбирање, искуството во мудрост, а сопственото созревање во нешто корисно за другите.

На крајот, највредното што можеме да го оставиме не е она што сме го поседувале, туку она што сме го разбудиле во другите — надеж, храброст, достоинство, љубов или верба дека можат повторно да започнат.

Затоа, живеј со цел и остави трага — не во светот што ќе продолжи без тебе, туку во луѓето кои ќе продолжат понатаму поинакви затоа што те сретнале.

Altera Kognicija Иле Махлијанов

15/09/2026

Бесплатна психолошка работилница за деца

Со особено задоволство споделуваме дека Фатиме Мефаилоска – психолог и член на тимот на Алтера Когниција, ќе води бесплатна психолошка работилница за деца во рамките на фестивалот на џез, world и современа музика.

„Островот на емоциите – Патување низ мојот внатрешен свет“ е интерактивна и креативна работилница наменета за деца.

Преку имагинација, игра, цртање и разговор, децата ќе имаат можност да ги запознаат своите емоции, да ги изразат и на свој начин да го истражат својот внатрешен свет.

📍 Градски парк, Велес
📅 26 септември
⏰ 12:00 часот

За време на работилницата ќе има и музичка програма каде што возрасните ќе можат да уживаат додека децата истражуваат.

Ве очекуваме!

10/09/2026

Што се крие позади нашето озборување?

Често можеме да се најдеме во разговори и озборувања за другите.

Озборувањето понекогаш се појавува како нешто автоматско и без некоја поголема важност, но може да носи и нешто подлабоко за нас самите.

Во тие моменти, кога зборуваме за некого, понекогаш се случува да зборуваме и за делови од себе — делови кои не сме ги препознале или прифатиле.

Проекциите можат да се разберат како оние аспекти од нас што ги забележуваме кај другите, а сè уште не ги гледаме или не ги прифаќаме во себе.

Следниот пат кога ќе се најдете во таков разговор, може само да застанете за момент и да забележите што се случува во вас додека зборувате, и да се запрашате:

„Ако ова е огледало, што гледам во него?“

#свесност #проекции #озборувања #психологија
#алтеракогниција #психолог #психотерапија
#гешталт

Want your practice to be the top-listed Clinic in Veles?
Click here to claim your Sponsored Listing.

Category

Telephone

Address


Alekso Demnievski-Bauman 3
Veles
1400

Opening Hours

Monday 16:00 - 20:00
Tuesday 16:00 - 20:00
Wednesday 16:00 - 20:00
Thursday 16:00 - 20:00
Friday 16:00 - 20:00
Saturday 10:00 - 16:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Altera Kognicija posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Subscribe

We will notify you when anything happens in Veles.