Дума.мк

Дума.мк

Share

Бидете информирани со duma.mk

Портал оживеан од обичниот, мал голем човек. Осмислен од секојдневието, создаден и пресоздаден од вистинските приказни на повардарието. Градовите и селата, малите и големи тајни, безценетите вредности, неоткриените мистерии, секојдневните проблеми, препреките и предизвиците, светлото и темното, поттикот и ударот на животот ...Сето она што го прави Вардарскиот регион вистинското срце на Македонија.

08/06/2026

Скоро три пати повеќе крводарители од минатата крводарителската акција „Во чест на Рацин“
Деведесет велешани даруваа крв на традиционалната крводарителска акција по повод Рациновите средби во Ликовен салон Велес.
-Четворица од дарителите даруваа за прв пат. Тоа е најголем број на оваа акција. Минатата година беа дарувани 36 крвни единици. Годинешната крводарителската акција заеднички ја реализираа Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје. Во реализацијата учество зедоа петмина волонтери од Клубот на млади, рече Орце Николов секретар на велешки Црвен крст.
Годинава крводарителската акција се одржа под мотото "Ти подарувам бесмртност" како дел од Програмата на 63 Рацинови средби.👇👇👇
https://duma.mk/region/skoro-tri-pati-povekje-krvodariteli-od-minatata-krvodaritelskata-akcija-vo-chest-na-racin/

Македонија на удар на силно невреме со електрични празнења и крупен град - ДУМА.мк 08/06/2026

#Думамквести
#Македонија

Македонија на удар на силно невреме со електрични празнења и крупен град - ДУМА.мк „ Утрово, во Македонија ни донесе топло и ведро време со појава на умерена локална облачност без изразен ветер. На метеоролошката карта можете да ги видите темпера....

Едно семејно насилство и едно вознемирување на жена во изминатите 24 часа - ДУМА.мк 06/06/2026

#Думамквести
#Чашка
#Велес

Едно семејно насилство и едно вознемирување на жена во изминатите 24 часа - ДУМА.мк И.Н од Чашка е лишен од слобода за ќотек на неговата две години постара сопруга додека М.Ј од Велес телефонски ја малтретирал неговата брачна партнерка, соопшти Сек....

Д-р Давчева: Алхемијата на тагата и болката претворете ја во сила и автентичност - ДУМА.мк 06/06/2026

#Думамквести
#Фанклуб

„Тагата е една од најчистите, најдлабоки и најмоќни човечки емоции. Таа не е само реакција на загуба или болка, туку и психолошки процес кој нè повикува да се соочиме со нашата ранливост. Таа е внатрешен мост меѓу она што сме го изгубиле и она што можеме да станеме – енергија која ако ја прифатиме, може да нè води кон самоспознавање и интеграција. Да ја прифатиме тагата значи да ја признаеме нашата човечка кревкост, да дозволиме да нè допре и да нè преобрази. Таа не е пречка што мора да се надмине, туку врата е кон нашата целовитост и автентичност.
Патот кон целовитост не е избегнување на страдањето, туку е свесно минување низ него. Кога ја потиснуваме тагата, таа станува сенка што го обвива нашето секојдневие, а со тоа ја потиснуваме и сопствената автентичност, но кога ја прифаќаме и истражуваме, таа станува наш учител. Кога ја признаваме и ја живееме, тагата станува психолошка алхемија при што болката се претвора во мудрост, а загубата во нова сила. Само така личноста може да ја интегрира сопствената сенка и да ја открие внатрешната хармонија.
Автентичноста не е дадена состојба, туку е резултат на постојано психолошко созревање, а тагата е клучен дел од тој процес. Таа нè учи да бидеме искрени со себе, да ги признаеме нашите граници и да ја прифатиме нашата човечка кршливост. Во таа искреност се раѓа вистинската сила преку способноста да живееме во согласност со нашата внатрешна вистина. Тагата е емоционален мост кон нашата најдлабока човечка вистина. Таа е енергија што нè повикува да застанеме, да се соочиме со загубата и да ја почувствуваме нашата ранливост, не како знак на слабост, туку како извор на сила и зрелост да се живее со отворено срце“.
Кога ваков вовед во разговор добивате од доктор на науки, психотерапевт, за човечкото чувство со кое барем еднаш во животот сте се соочиле, можеби се соочувате во моментов и барате начин да го надминете откривајќи му дека вие на тагата гледате како на лична слабост, на непријател, затоа што светот околу вас е силен, насмеан и продуктивен длабоко ве замислува одговорот дека тагата е моќен двигател на личната и колективната трансформација. Особено зборовите:„Општество кое ја признава тагата како легитимна емоција е општество кое ја признава човечноста. Така, тагата дефинира не само лична, туку и етичка и културна порака – Да се биде човек значи да се биде чувствителен, а чувствителноста е пат кон автентичноста!“👇👇👇
Целиот разговор

Д-р Давчева: Алхемијата на тагата и болката претворете ја во сила и автентичност - ДУМА.мк „Тагата е една од најчистите, најдлабоки и најмоќни човечки емоции. Таа не е само реакција на загуба или болка, туку и психолошки процес кој нè повикува да се соочим...

06/06/2026

Полицијата санкционира но пијани граѓани продолжуваат да возат автомобили и да нарушуваат јавен ред и мир
Во еден ден полициски службеници на Сектор за внатрешни работи (СВР) Велес лишиле од слобода двајца велешани кои биле под дејство на алкохол.👇👇👇

https://duma.mk/region/policijata-sankcionira-no-pijani-gragjani-prodolzhuvaat-da-vozat-avtomobili-i-da-narushuvaat-javen-red-i-mir/

Доцни исплатата на социјалните надоместоци – од МСПДМ објаснуваат зошто? - ДУМА.мк 06/06/2026

#Думамквести
#Македонија

Доцни исплатата на социјалните надоместоци – од МСПДМ објаснуваат зошто? - ДУМА.мк Од Министерството за социјална политика, демографија и млади информираат за причините кои ќе ги пролонгираат исплатите на правата од социјална и детска заштита. С....

06/06/2026
05/06/2026

Во чест на 63 Рацинови средби, крводарителска акција во недела, 7 јуни, во Ликовен салон Велес

Крводарителска акција „Ти подарувам бесмртност“ ја организира Општинската организација на Црвен крст- Велес. Акцијата ќе се одржи во недела, 7 јуни, во Ликовен салон.👇👇

https://duma.mk/region/vo-chest-na-63-racinovi-sredbi-krvodaritelska-akcija-vo-nedela-7-juni-vo-likoven-salon-veles/

Без акции и настани за одбележување на Светскиот ден на животната средина во Велес - ДУМА.мк 05/06/2026

#Думамквести
#Велес

Без акции и настани за одбележување на Светскиот ден на животната средина во Велес - ДУМА.мк Светот го одбележува а кај нас, последниве години мине незабележано, денот на животната средина на коj ако се навратиме само деценија наназад ќе се присетиме на дис....

05/06/2026

#Думамкмаркетинг
#Јавенповик

Want your business to be the top-listed Media Company in Veles?
Click here to claim your Sponsored Listing.

Address


Blagoj Necev Br 66
Veles
1400