Зоран Љутков
🇲🇰
Зоран Љутков е роден на 01.10.1977 година во Велес.
Основното образование го завршува во ООУ ,,Васил Главинов” во Велес, и средното образование во СОУ Гимназија,,Кочо Рацин”- Велес. Дипломира актерска игра на Факултетот за драмски уметности (2001). Запишува постдипломски студии за сценски дизајн на Универзитетот во Белград, Р.Србија (2002).
Работи во Драмски театар- Скопје од 2006. Покрај наста
29/07/2026
Криминалниот ум,криминално размислува!
Кога ќе останете без аргументи, најлесно е да измислувате приказни и да ги обвинувате другите. Тоа не ја менува вистината.
Госпоѓо Костадиновска-Стојчевска, додека бевте министер, ветувавте проект вреден 150 милиони евра за Скопје 2028.
Денес јавноста има право да постави неколку едноставни прашања:
Како дојдовте до сумата од 150 милиони евра?
На што се темелеше таа финансиска проценка?
Од кои извори требаше да се обезбедат средствата?
Каде конкретно требаше да бидат инвестирани тие 150 милиони евра?
Дали Владата донесе одлука со која ги обезбеди тие средства или стануваше збор за политичко ветување без финансиска подлога?
Па вие и Брисел го излажавте како што денес пробувате да ја иманипулилирате јавноста.
Моравме да патуваме неколку пати во Брисел да ја спасуваме титулата!
Тоа се прашања на кои јавноста заслужува одговор.
За време на вашиот мандат не видовме капитални културни проекти што ќе останат како трајна вредност. Наместо конкретни резултати, останаа големи ветувања и многу политички изјави.
Ако денес зборувате за транспарентност, тогаш одговорете и јавноста и на следниве прашања: како беа избрани фирмите и невладините во самата апликација и како беа избрани надворешните соработници вклучени во подготовката на апликацијата за Скопје 2028? Кои беа критериумите? Како беше обезбедена транспарентноста на целиот процес? Тоа се легитимни прашања што заслужуваат јасни одговори.
Наместо да ја напаѓате сегашната работа, соочете се со сопствениот мандат. Граѓаните најдобро знаат да ја препознаат разликата меѓу големите ветувања и реалните резултати.
И уште нешто – колку и да го оспорувате, Скопје 2014 денес е една од најпосетуваните туристички атракции во главниот град. За тоа зборуваат посетителите и туристичкиот интерес, а не политичките квалификации.
27/07/2026
Со звуците на коњскиот чекор и со духот на традицијата, испратени беа учесниците на 48. Илинденски коњички марш од Горно Лисиче.
Патот кон Крушево не е само патување – тоа е симбол на почит, истрајност и сеќавање на оние кои ја испишаа нашата историја.
Посебна чест претставува признанието што го примив, за кое изразувам искрена благодарност и длабока почит. Овој гест е дополнителен поттик да продолжиме посветено да ги чуваме и негуваме вредностите, традицијата и историското наследство што нè обединува.
Нека ги води честта, нека им е патот безбеден и нека оваа жива традиција продолжи да ја раскажува македонската приказна низ генерациите. 🇲🇰
27/07/2026
Почивај во мир, легендо🖤
14/07/2026
Му го честитам преземањето на оваа одговорна должност на мојот досегашен соработник, заменик-министерот Седат Сулејмани, кој сега ја извршува функцијата министер за култура и туризам.
Му посакувам успешен мандат, мудри одлуки и многу успех во работата. Нему и на целиот тим им посакувам истрајност и резултати што ќе придонесат за понатамошен напредок на македонската култура и туризам.
13/07/2026
Објектот на Министерството за одбрана во Струга – сведок на историјата, денес добива нов сјај.
Заедно со градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, и директорот на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид, Горан Патчев, извршивме увид во текот на реконструкцијата.
Со поддршка од Министерството за култура и туризам, преку НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид, се вложени 9.114.000 денари за реконструкција на фасадата и кровот, со цел зачувување на неговата автентичност.
Реконструкцијата е во завршна фаза и ќе придонесе за уште поубава слика на Струга – таму каде што Црн Дрим го напушта Охридското Езеро.
Го чуваме наследството и создаваме вредности што траат.
13/07/2026
Под ѕвезденото охридско небо, во атмосфера исполнета со емоција и уметност, започна 66. издание на фестивалот „Охридско лето“.
И оваа година, фестивалот нè потсетува дека уметноста е јазик без граници – мост што ги спојува луѓето, културите и срцата, носејќи пораки на љубов, мир и заедништво.
Со гала-концертот „Љубов“, и маестралните изведби на Ермонела Јахо и Чарлс Кастроново, во придружба на Македонската опера и балет под диригентство на Марко Боеми, започна уште едно незаборавно фестивалско поглавје – вечер што ќе одекнува долго, како потсетник дека вистинската уметност живее вечно.
12/07/2026
Велес синоќа светеше! ✨
Luma Fest донесе моќна енергија, врвна музика и илјадници насмевки на платото на Костурница. Градот пулсираше во ритам што долго ќе се памети.
Велес – ритам што останува во срцето!
Click here to claim your Sponsored Listing.
Category
Contact the organization
Address
Veles