Св.великомаченик Георгиј Победоносец с.Мала Речица
Црквата претставува споменик на културата од 14 век. Во своето постоење била два пати рушена и еднаш запалена. Последен пат е запалена во 2001
Манастирот Св.великомаченик Георгиј Победоносец с.Мала Речица е манастирски комплекс во тетовското село Мала Речица. Црквата претставува споменик на културата од 14 век. Во своето постоење била два пати рушена и еднаш запалена. Последен пат е запалена во 2001 на самиот ден пред патрониот празник на црквата, Свети Георгиј Црквата потпаѓа под Третата тетовска парохија.
Историја
Местото на кое се н
Митрополитот на православната
Тетовско - гостиварска епархија
г. Јосиф со празнично Божиќно обраќање и честитка до верниците: Рождеството Христово е Празник кој секоја година ја обновува во нас надежта и ни дарува сила и храброст за да се справиме со искушенијата од овој свет.
„Браќа и сестри дозволете ми од мое лично име и од името на честното свештенство на сите верници на Тетовско- гостиварската православна епархија при Македонската православна црква — Охридска архиепископија, да ви го честитам големиот празник Рождеството Христово — Божиќ. Рождеството Христово е Празник кој секоја година ја обновува во нас надежта и ни дарува сила и храброст за да се справиме со искушенијата од овој свет. Не заборавајте дека без Христос нема ни вистински човек ни вистински живот, како што нема ни вистинска наука, образование, култура и цивилизација.Честитајќи Ви го Божиќ,на сите наши верници од Тетовско-гостиварската епархија,Ви посакуваме изобилни духовни дарови од Новородениот Богомладенец, поздравувајќи Ве со радосниот поздрав: Христос се роди-Навистина се роди“
08/12/2025
Покана за празникот на Св. Великомаченик Георгиј – Мала Речица
Манастирското настојателство и кумовите ве покануваат да ја прославиме славата на црквата посветена на Св. Великомаченик Георгиј во Мала Речица на( вторник) 09.12.2025
08:30 часот – Света Божествена Литургија
10:30 часот – Малиот водосвет и пререзување на кумските колачи
Традиционална братско-сестринска трпеза на љубовта, организирана од годинешните кумови
Тропар:
Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите, победоносче Георгије, моли Го Христа Бога да ги спаси нашите души.
Click here to claim your Sponsored Listing.
Category
Website
Address
Tetovo
1200