Радио Марија Македонија
Радио Марија е прво верско радио во Македонија.
19/08/2026
👉Во 17.30 часот придружете ни се на молитвата света Бројаница
👉Ако сакате мирот да надвладее во вашите домови, тогаш молете семејна света Бројаница (свети Пиј X)
👇
📡 FM Струмица: 106,5 MHz
🌐 Интернет страница: www.radiomarija.mk
🎧 Слушајте во живо: http://dreamsiteradiocp.com:8118/stream.mp3
19/08/2026
👉 15.00 часот, Часот на Божјото милосрдие, момент за Бројаницата на Божјото милосрдие, придружете ни се на молитвеното заедништво..... Бог никому не му го скратува своето милосрдие. Небото и земјата можат да се променат, но Божјото милосрдие нема да се исцрпи. О, каква радост ми гори во срцето кога ја гледам таа Твоја несфатлива добрина, о, Исусе мој. Сакам да ги доведам сите грешници пред Твоите нозе, за да можат низ сите векови и бескрајно да го слават Твоето милосрдие... (Од Дневникот на света Фаустина Ковалска)
👇
📡 FM Струмица: 106,5 MHz
🌐 Интернет страница: www.radiomarija.mk
🎧 Слушајте во живо: http://dreamsiteradiocp.com:8118/stream.mp3
... Чепкалки не се потребни, ушната маст е со заштитна функција, таа има за цел да го обложува ушното каналче, да го штити и со неговата рН да не им дозволува на лошите микроорганизми да се размножуваат, е една од препораките кои Д-р Елица Милческа специјалист по уво нос и грло ги споделува во најновиот поткаст на Радио Марија, со која зборуваме за воспаление на надворешно уво, проследете го целиот разговор во продолжение
👇
18/08/2026
Ве држела ли будни цела ноќ силна болка во увото?
Сигурни сме дека ќе ве задржиме во целиот поткаст на Радио Марија, во кој ни гостува Д-р Елица Милческа специјалист по уво, нос и грло вработена во ЈЗУ Општа болница Струмица со која зборуваме за воспалениe на надворешното уво, што често се случува во летото.
Не го пропуштајте разговорот, започнуваме во 14.00 часот
👇
📡 FM Струмица: 106,5 MHz
🌐 Интернет страница: www.radiomarija.mk
🎧 Слушајте во живо: http://dreamsiteradiocp.com:8118/stream.mp3
17/08/2026
Во Охрид одржан камп за обука на волонтери на Радио Марија
Од 13 до 16 август 2026 година во Пасторалниот центар во Охрид се одржа камп за обука на волонтери на Радио Марија.
Од четврток, 13 август, до недела, 16 август 2026 година, во Пасторалниот центар во Охрид се одржа камп за обука на волонтери на Радио Марија. Кампот беше организиран со цел волонтерите подлабоко да ја запознаат мисијата на Радио Марија, својата улога во неа, како и основите на медиумската етика и радио комуникацијата.
Програмата започна во четврток со пристигнување и сместување на учесниците, по што следуваше отворање и поздравно обраќање на отец Гоце Костов, директор на Радио Марија Македонија. На почетокот тој ги пренесе поздравите до учесниците од името на епископот Стојанов, како и од Рафале Галати, одговорен за Радио Марија станиците во Европа. Во текот на деновите беа предвидени молитвени моменти, света Литургија, предавања, групна работа, практични вежби и заедничко дружење.
Првиот дел од обуката беше посветен на мисијата на Радио Марија и на волонтерското учество во Радио Марија. Учесниците имаа можност да размислуваат за духовниот и пасторалниот карактер на Радио Марија, за нејзиното место во животот на Црквата, како и за личната одговорност на секој волонтер во оваа мисија. Особено внимание беше посветено на разликата меѓу обична активност и вистинско служење, при што волонтерот беше претставен како соработник во евангелизацијата.
Во рамките на практичниот дел, учесниците работеа на темата „Моето место во мисијата на Радио Марија“, како и на анализа на реални ситуации од програмата на радиото. Преку оваа работа тие имаа можност поконкретно да ја согледаат својата улога во секојдневното функционирање и сведочење на Радио Марија. Учесниците дадоа и конкретни предлози за збогатување на програмата, поголема видливост на радиото и подобро вклучување на волонтерите. Со цел подобра координација на волонтерските активности и реализација на предложените иницијативи, за координатор на волонтерите беше избрана Викторија Илиева.
Вториот дел од обуката беше посветен на основите на медиумската етика и комуникациските вештини. Предавањата ги опфатија темите за медиумска одговорност, вистинитост, кредибилитет, почитување на соговорникот и специфичноста на црковниот медиум. Преку практични сценарија, учесниците размислуваа како правилно и одговорно да се реагира во чувствителни ситуации.
Посебен дел од кампот беше посветен и на основите на радио комуникацијата. Волонтерите се запознаа со важноста на тонот, ритамот, јазикот и начинот на говор пред микрофон. Практичните вежби за говор и читање имаа за цел да им помогнат на учесниците да стекнат поголема сигурност и јасност при радио настап.
Кампот заврши во недела со света Литургија.
17/08/2026
🙏 Во 15.00 часот, во Часот на Божјото милосрдие, придружете ни се на молитвата Бројаница на Божјото милосрдие
📡 FM Струмица: 106,5 MHz
🌐 Интернет страница: www.radiomarija.mk
🎧 Слушајте во живо: http://dreamsiteradiocp.com:8118/stream.mp3
.. Го видов Господ измачен, Кој се' уште не беше распнат на крстот. Уште пред распнувањето, Тој ми рече: „Говори им на грешниците за Моето милосрдие.“ И Господ ми даде во внатрешноста да ја запознаам целата бездна на Неговото милосрдие за душите и дека тоа што го напишав навистина е само една капка.“ (Од Дневникот на света Фаустина Ковалска)
Разговор со проф. д-р Ана Витанова-Рингачева, Зорица Стојева и Ели Тошева.
14/08/2026
Што нуди Македонистика и какви можности отвора по дипломирањето?
За студиите по македонски јазик и книжевност, академскиот развој, искуството од факултетот и патот од студент до наставник, разговараме со проф. д-р Ана Витанова-Рингачева, Зорица Стојева и Ели Тошева. Разговорот започнува во 13:30 часот.
📡 FM Струмица: 106,5 MHz
🌐 Интернет страница: www.radiomarija.mk
🎧 Слушајте во живо: http://dreamsiteradiocp.com:8118/stream.mp3
13/08/2026
Проследете ја најновата емисија „Од ризницата на црковното учење“, која ја уредува и води Лука Костов.
Првата енциклика на Папата Лав XIV Magnifica Humanitas (Величествено човештвото) се фокусира на едно од најважните прашања на нашето време:
Како да го заштитиме достоинството на човечката личност во ерата на вештачката интелигенција?
Вештачката интелигенција брзо го трансформира општеството, но Црквата е подготвена да се соочи со технолошките предизвици, како и со моралните, правните, филозофските и духовните последици во свет што сè повеќе го обликуваат машините.
„Технологијата секогаш мора да остане подредена на достоинството на човечката личност.“
Без разлика што е католичка, ова енциклика моментално е една од најважните морални рамки досега издадени за вештачката интелигенција и иднината на човештвото.
Не пропуштајте:
👇👇👇
📅 Петок, 14 август 2026 🕤 20:30 часот
📡 FM Струмица: 106,5 MHz
🌐 Интернет страница: www.radiomarija.mk
🎧 Слушајте во живо: http://dreamsiteradiocp.com:8118/stream.mp3
🖥️YouTube: Radio Marija MK
Click here to claim your Sponsored Listing.
Category
Contact the business
Telephone
Website
Address
Ulica Kliment Ohridski 236
Strumica
2400
Opening Hours
| Monday | 07:30 - 20:30 |
| Tuesday | 07:30 - 20:30 |
| Wednesday | 07:30 - 20:30 |
| Thursday | 07:30 - 20:30 |
| Friday | 07:30 - 20:30 |
| Saturday | 08:30 - 13:30 |