Општина Штип Македонија

Општина Штип Македонија

Share

Во средното сливно подрачје на р.Брегалница, во источн?

Лоциран меѓу височините на Исарот, Мерите и Кумлакот, по должината на двата брега на суводолицата Отиња се простира нашиот град што е источен македонски центар и еден од најстарите македонски градови. Лежи на надморска височина од 300 метри. Распослан е на површина од 893 км2 на која според последниот попис живеат 47.796 жители.

Photos from Општина Штип Македонија's post 30/07/2026

Почитувани граѓани,

Денес, министерот за здравство, д-р Сашо Клековски, директорот на Фондот за здравствено осигурување, Златко Перински, градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, претседателот на Управниот одбор на болницата, Биљана Ефтимова, и делегација на Светска банка го разгледаа концептот за завршување и целосно опремување на новата Клиничка болница во Штип.

Станува збор за капитална инвестиција вредна околу 6,7 милијарди денари, односно 109 милиони евра, со која Источна Македонија ќе добие современ регионален здравствен центар.

Проектот предвидува завршување на главниот болнички објект, негово современо опремување и функционално поврзување на сите одделенија, со што ќе се овозможат поквалитетни здравствени услуги, подобра дијагностика и третман, како и намалување на притисокот врз здравствените установи во Скопје.

Клиничката болница Штип е единствениот клинички регионален центар во источниот дел на државата и обезбедува здравствена заштита за повеќе од 150.000 граѓани, додека нејзиното пошироко гравитациско подрачје опфаќа околу 250.000 жители.

Општина Штип, во соработка со Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување, Клиничката болница Штип и останатите надлежни институции, останува посветена на успешната реализација на овој капитален проект, кој ќе обезбеди современо и поквалитетно здравство за сите граѓани на Источна Македонија.

30/07/2026

Sednica na Sovet na Opstina Stip

Photos from Општина Штип Македонија's post 27/07/2026

Почитувани граѓани,

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, денес информираше дека во тек се интензивни градежни активности во централното градско подрачје, насочени кон целосна реконструкција на подземната инфраструктура и подобрување на сообраќајната мрежа на повеќе значајни локации во градот.

Во рамки на активностите, на улицата „Борис Кидрич“, една од најфреквентните сообраќајници во Штип, ќе биде воведен привремен прекин на сообраќајот поради замена на подземната инфраструктура. По завршувањето на работите ќе следува асфалтирање и целосно ставање на улицата во функција.

Градоначалникот посочи дека периодот за реализација на градежните активности е внимателно избран со цел да се намали влијанието врз секојдневното функционирање на граѓаните, имајќи предвид дека во летниот период е намалена фреквенцијата на возила и граѓани поради годишните одмори, како и отсуството на учениците и студентите.

Изменет сообраќаен режим е воведен и на мостот на реката Брегалница, на булеварот „Гоце Делчев“, каде што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. По завршувањето на тековните активности ќе започне и реконструкцијата на Камениот мост кај населбата 8 Ноември, при што ќе биде воведен привремен изменет режим на сообраќај.

Општина Штип упатува апел до граѓаните за трпение и разбирање за времените ограничувања. Станува збор за капитални инвестиции кои ќе придонесат за побезбедни, помодерни и поквалитетни сообраќајници, како и за подобри услови за живот за сите жители.

Паралелно со овие активности, ќе продолжат реконструкциите и асфалтирањата на улици и во останатите населби во градот.

Штип се гради за иднината, со нова инфраструктура, побезбеден сообраќај и подобри услови за сите граѓани.

Photos from Општина Штип Македонија's post 24/07/2026

Почитувани граѓани,

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, денес изврши увид во градежните активности за реконструкција на крак од улицата „Христијан Карпош“ во населбата Леваци, каде што во тек е нанесување на завршниот асфалтен слој.

На оваа делница претходно беше реализирана целосна реконструкција на подземната инфраструктура, која опфати замена на водоводната и канализациската мрежа, како и изградба на нови тротоарски површини. Со поставувањето на асфалтната маса се заокружува уште една фаза од проектот за целосна обнова на инфраструктурата во овој дел од градот.

Градоначалникот Јорданов истакна дека реконструкцијата се реализира етапно, улица по улица, со цел до крајот на летото целосно да биде завршена реконструкцијата и асфалтирањето на потегот низ месноста Бело Брдо, која ги опфаќа населбите Леваци, Света Недела и Дузлачки Рид.

Во наредните денови ќе започнат градежни активности и на улиците „Рудо“, „АСНОМ“ и „Коле Неделковски“, каде што, покрај реконструкцијата на коловозите, ќе биде извршена и целосна обнова на подземната инфраструктура.

По завршувањето на овие активности, реконструкцијата ќе продолжи на потегот од населбата Леваци до црквата „Света Мирјана“, каде што е предвидена целосна реконструкција на сообраќајната и комуналната инфраструктура, со цел да се надминат долгогодишните проблеми предизвикани од дотраените инсталации и оштетениот коловоз.

Градоначалникот Јорданов нагласи дека целта на Општина Штип е секоја улица што ќе биде реконструирана да добие квалитетна и современа инфраструктура, која ќе одговара на потребите на граѓаните и ќе биде трајно решение за идните генерации.

За реализација на проектите во населбите Леваци, Света Недела и Дузлачки Рид се обезбедени повеќе од 1 милион евра, средства кои се инвестираат во целосна реконструкција на водоводната и канализациската мрежа, изградба на нови тротоари и реконструкција на коловозите, со што значително ќе се подобри квалитетот на живот и безбедноста на сите жители на овој дел од градот.

Photos from Општина Штип Македонија's post 23/07/2026

Почитувани граѓани,

Уметничката галерија „Безистен“ доби ново декоративно осветлување, со што е овозможено еден од најзначајните симболи на Штип да биде соодветно осветлен и во вечерните часови.

Осветлувањето, кое беше пуштено во употреба синоќа, има за цел да ја истакне автентичната архитектура на објектот, да ја подобри неговата видливост и да придонесе кон поголема безбедност и заштита на просторот.

Безистенот, изграден во XVI век, претставува еден од најзначајните споменици на културата во Штип и е препознатлив простор за реализација на изложби, концерти и други културни настани. Како дел од богатото културно-историско наследство на градот, тој има особено значење за зачувувањето и промоцијата на културните вредности.

Со оваа активност се унапредува презентацијата на еден од највредните историски објекти во градот, со цел неговото културно и архитектонско значење да биде уште повидливо и подостапно за граѓаните и посетителите.

Photos from Општина Штип Македонија's post 21/07/2026

Почитувани,

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, денес изврши увид во тековните активности поврзани со реконструкцијата на водоводната линија на улицата „Борис Кидрич“, на потегот од крстосницата „Дујле“ до зградата „Промаја“.

Станува збор за капитален инфраструктурен проект со кој ќе се реши долгогодишниот проблем со дотраената водоводна мрежа стара повеќе од 60 години. По завршувањето на реконструкцијата на водоводната линија, ќе следува целосно уредување на тротоарските површини и ново асфалтирање на коловозот.

Поради изведувањето на градежните активности, од 25 јули ќе има изменет режим на сообраќај, со целосно и делумно затворање на делови од улицата. Општина Штип упатува апел до граѓаните за разбирање и трпение во текот на реализацијата на проектот, кој претставува трајно решение за еден од значајните инфраструктурни предизвици.

Градоначалникот Иван Јорданов посочи дека реализацијата на овој проект е дел од континуираните активности на Општина Штип за модернизација на инфраструктурата и решавање на долгогодишните проблеми со кои се соочуваат граѓаните.

20/07/2026

15 Sednica na Sovet

05/07/2026

Почитувани граѓани,

Општина Штип Ве поканува вечерва да бидете дел од концертот на едно од препознатливите имиња на македонската музичка сцена - Давид Темелков, кој ќе се одржи со почеток во 21:00 часот, во Дом на млади - Штип.

Концертот е дел од 41. издание на манифестацијата „Штипско културно лето“, која и оваа година носи богата културно-уметничка програма и бројни настани наменети за сите генерации.

Ве покануваме со Вашето присуство да ја збогатите оваа музичка вечер и заедно да уживаме во настапот на Давид Темелков, исполнет со неговите најпознати песни, одлична атмосфера и незаборавна музичка енергија.

Ве очекуваме вечерва во 21:00 часот во Домот на млади - Штип!

04/07/2026

Почитувани граѓани,

Општина Штип Ве поканува на концертот на македонскиот пејач Давид Темелков, кој ќе се одржи на 5 јули 2026 година (недела), со почеток во 21:00 часот, во Домот на млади - Штип, во рамки на програмата „Штипско културно лето 2026“.

Концертот е дел од 41. издание на манифестацијата „Штипско културно лето“, која и оваа година носи богата и разновидна културно-уметничка програма, создадена да понуди квалитетни содржини и незаборавни моменти за сите генерации.

Ве покануваме да бидете дел од оваа музичка вечер и заедно да уживаме во настапот на Давид Темелков, исполнет со препознатливи хитови, позитивна енергија и одлична атмосфера.

Ве очекуваме!

Photos from Општина Штип Македонија's post 02/07/2026

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, заедно со заменик-министерот за економија Марјан Ристески, пратеникот во Собранието на Република Македонија, Душко Иванов, директорката на Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА, Даниела Димовска, и заменик-директорката на Агенцијата за вработување, Весна Пешова, денес ја посетија Агенцијата за вработување – Штип, каде што беше извршен увид во поднесените апликации во рамки на Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување за 2026 година.

Градоначалникот Јорданов истакна дека мерките претставуваат значајна можност за младите и невработените лица да се вработат или да започнат сопствен бизнис, нагласувајќи дека нивните ефекти во иднина ќе придонесат за посилен локален економски развој на Општина Штип.

Тој изрази уверување дека преку овие програми ќе се реализираат успешни претприемачки приказни, ќе се отворат нови работни места и ќе се создадат услови за одржлив економски развој на општината.

Want your organization to be the top-listed Government Service in Stip?
Click here to claim your Sponsored Listing.

Telephone

Address


Васил Главинов
Stip
2000

Opening Hours

Monday 07:30 - 18:30
Tuesday 07:30 - 18:30
Wednesday 07:30 - 18:30
Thursday 07:30 - 18:30
Friday 07:30 - 18:30