Економски Факултет, УГД - Штип
Официјална Фејсбук страница на Економски факултет Штип
Официјална Фејсбук страница на Економскиот Факултет - Штип со цел да се излезе во пресрет на очекувањата и потребите на новите генерации.
Студиски насоки на прв циклус студии:
1. Менаџмент и маркетинг
2. Сметководство и ревизија
3. Финансии
4. Бизнис економија
Факултетот нуди и студии на втор и трет циклус.
Повеќе информации се достапни на: https://ef.ugd.edu.mk/index.php/mk/
04/08/2026
УГД го објави конкурсот за упис на нови студенти – идните студенти веќе можат да се пријават електронски - Универзитет „Гоце Делчев“ - Ш Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип го објави Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии за академската 2026/2027 година. Првиот уписен рок ќе се реализира ...
28/07/2026
28/07/2026
📣УГД го објави конкурсот за упис на нови студенти – идните студенти веќе можат да се пријават електронски‼️
📚Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип го објави Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии за академската 2026/2027 година. Првиот уписен рок ќе се реализира на 19, 20 и 21 август, а системот за електронско пријавувње веќе е отворен каде идните студенти ќе можат електронски да ги поднесат своите пријави за запишување.
☝️Според конкурсот, годинава на Универзитетот се предвидени 3.341 слободно место, од кои 1.629 се во државна квота, 972 места се за студенти со кофинансирање, а 735 места се за вонредни студенти.
✅Во првиот уписен рок роковите се следните:
● Пријавување на кандидатите: 19, 20 и 21 август
● Објавување прелиминарни резултати: 26 август
● Приговори: 27 август
● Објавување конечни решенија за прием: 31 август
● Запишување на примените кандидати: 1, 2 и 3 септември.
Според конкурсот, бројот на вкупно слободни места по факултети е:
● Правен факултет – 240
● Економски факултет – 270
● Факултет за образовни науки – 105
● Филмска академија – 45
● Музичка академија – 111
● Ликовна академија – 15
● Факултет за информатика – 470
● Земјоделски факултет – 170
● Факултет за природни и технички науки – 200
● Машински факултет – 60
● Факултет за медицински науки – 720
● Филолошки факултет – 310
● Факултет за туризам и бизнис логистика – 460
● Електротехнички факултет – 80
● Технолошко-технички факултет – 85.
📥Електронско пријавување:
📨Пријавувањето веќе може да се врши онлајн преку системот https://eupisi.ugd.edu.mk, каде кандидатите ја пополнуваат електронската пријава, ги внесуваат податоците од средното образование и ги плаќаат трошоците за пријавување. По поднесувањето на електронската апликација, документите треба да се достават до соодветниот студиски центар (Штип, Скопје, Струмица, Кавадарци или Гевгелија), согласно термините објавени на веб-страницата на Универзитетот. Примените кандидати потоа се запишуваат електронски преку истиот систем.
✅Најдобрите кандидати се ослободени од партиципација. Универзитетот и годинава предвидува ослободување од плаќање партиципација за најуспешните кандидати кои ќе се запишат во првиот уписен рок, како редовни студенти во државна квота и со најмалку 80 поени.
☝️Ослободување ќе добијат:
● Факултет за медицински науки – 20 студенти (10 Општа медицина, 5 Фармација и 5 Дентална медицина);
● Факултет за информатика – 10 студенти;
● Земјоделски факултет – 10 студенти;
● Факултет за природни и технички науки – 10 студенти;
● Економски факултет – 10 студенти;
● Правен факултет – 10 студенти;
● Факултет за туризам и бизнис логистика – 10 студенти;
● Електротехнички факултет – 5 студенти;
● Машински факултет – 5 студенти;
● Технолошко-технички факултет – 5 студенти;
● Факултет за образовни науки – 5 студенти;
● Музичка академија – 5 студенти;
● Ликовна академија – 2 студенти;
● Филмска академија – 2 студенти.
Дополнително, на Филолошкиот факултет сите студенти запишани на студиската програма Македонски јазик и книжевност се ослободуваат од партиципација, додека за останатите јазични насоки ослободување добиваат најдобрите рангирани кандидати според конкурсот.
🖇️Целосниот конкурс, сите услови за запишување, потребната документација, критериумите за рангирање и информациите за студиските програми се достапни на веб-страницата на Универзитетот https://www.ugd.edu.mk/upisi/prv-ciklus-studii/ .
09/07/2026
Уписи прв циклус 2026/2027 - Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип го објави конкурсот за упис на студенти на единиците на Универзитетот во студиската 2026/2027 година во прва година на прв циклус ....
06/06/2026
🎓🤝 СТУДЕНТИ ОД ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ - ШТИП ДЕЛ ОД ПРОЕКТОТ ЗА ФОРМИРАЊЕ РЕСУРСЕН ЦЕНТАР ВО ОПШТИНА ШТИП
📣 Тројца студенти од Економски факултет – Штип заедно со шест нивни колеги од други факултети при #УГД добија сертификати за успешно реализирана волонтерска работа во рамки на проектот за формирање ресурсен центар во Општина Штип, финансиран од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
☝️ Во изминатите три месеци студентите стекнаа практични знаења и искуства работејќи во различни одделенија и сектори на локалната самоуправа, притоа активно придонесувајќи кон развојот на локалната заедница.
👉 Проектот овозможи:
▪️ стекнување практични вештини и искуства,
▪️ запознавање со работата на институциите и јавната администрација,
▪️ активно учество во активности од значење за локалната заедница,
▪️ развој на професионални компетенции кај студентите.
👏 Проректорот за инвестиции и развој на УГД, проф. д-р Дарко Лазаров, истакна дека Универзитетот е особено горд што сите студенти биле позитивно оценети за нивниот придонес и професионален ангажман во текот на проектот.
🌟 Особено значајно е што двајца студенти ќе продолжат со ангажман и по завршувањето на проектот во Центарот за локален економски развој при Општина Штип, што претставува значајна потврда за квалитетот на нивната работа и стекнатите компетенции.
🤝 Преку вакви иницијативи, УГД создава можности за професионален развој на студентите и активно придонесува кон развојот на локалната заедница.
02/06/2026
📢ПРОДОЛЖЕН РОК ЗА ЗАВЕРКА НА ПАРЕН СЕМЕСТАР 2026
☝️Се информираат студентите од сите три циклуси на студии дека рокот за заверка на парен семестар во учебна 2025/2026 е продолжен заклучно со 05.06.2026 година.
https://www.ugd.edu.mk/soopstenija/studenti/prodolzhen-rok-za-zaverka-na-paren-semestar-2026-g/
Click here to claim your Sponsored Listing.
Category
Telephone
Address
General Mihajlo Apostolski 32
Stip
2000