Умс Ѓорче Петров

Умс Ѓорче Петров

Share

Унија на Млади Сили на ОК Ѓорче Петров ВМРО - ДПМНЕ

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ е формирана на 6 Април 1991 година со одлука на партискиот Конгрес во Прилеп. Таа претставува континуитет на историската младинска организација која ги ширела идеалите за независна и самостојна Република Македонија.

На вековната борба на нашите предци за слобода и за национална самостојност водена од историското ВМРО се надоврзува конзервативизмот и традициона

Photos from Умс Ѓорче Петров's post 05/07/2026

МОЌТА НА МЛАДИТЕ СЕ ГЛЕДА ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ! 🇲🇰

Полна сала, огромна енергија и јасна порака - УМС Ѓорче Петров е бренд кој продолжува да расте!

Денес одржавме состанок со новиот Претседател на УМС на ВМРО - ДПМНЕ, Тодор Конески, на кој уште еднаш се потврди силата, сплотеноста и ентузијазмот.

Големиот број присутни млади луѓе е најдобриот доказ дека УМС Ѓорче Петров е двигател на младинскиот активизам и организација што секојдневно добива нова енергија, нови идеи и нови членови.

На состанокот разговаравме за новиот почеток и идните активности кои доаѓаат.

Со единство, работа и посветеност продолжуваме уште посилно. Пред нас се нови предизвици, нови активности и нови големи победи.

МАСОВНО. СПЛОТЕНО. ПОБЕДНИЧКИ. УМС ЃОРЧЕ ПЕТРОВ! 🇲🇰

Photos from Умс Ѓорче Петров's post 13/04/2026

Традиционално во празничен дух, на вториот ден од Христовото Воскресение, УМС Ѓорче Петров подели велигденски јајца на нашите сограѓани.

Велигден нека донесе мир, љубов и радост во секој дом.

Да веруваме, затоа што верата е нашата сила!

✞ ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ – НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ ✞

Photos from Умс Ѓорче Петров's post 08/03/2026

🌹 Среќен 8 Март – Меѓународен ден на жената!

Денес им оддаваме почит на сите жени, мајки, сестри, сопруги, пријателки и колешки, кои со својата сила, мудрост и љубов го прават светот подобро место.

Нека овој ден биде потсетник дека почитта, еднаквоста и поддршката кон жената треба да се покажуваат секој ден во годината. 🌹

01/03/2026

III-та Ораторска вечер "Иле Џинговски" во организација на УМС Ѓорче Петров.

„Јазикот е наш корен, зборот е наша сила, а споменот е нашата вечност. Нека зборовите кажани на овој настан бидат мост помеѓу минатото, сегашноста и иднината.“ 🇲🇰

27/02/2026

✅️ 10.000 ДЕНАРИ СУБВЕНЦИЈА ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ВОЗАЧКИ ИСПИТ ЗА Б-КАТЕГОРИЈА ⤵️

Photos from Умс Ѓорче Петров's post 21/02/2026

III-та ОРАТОРСКА ВЕЧЕР "ИЛЕ ЏИНГОВСКИ" ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА УМС ЃОРЧЕ ПЕТРОВ!

На Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, младите испратија порака дека зборот има тежина, дека мислата има сила, а дека идентитетот се брани и гради токму преку јазикот. Говорницата беше место каде што се споија знаењето, храброста и љубовта кон Татковината.

Оваа ораторска вечер е повеќе од настан, таа е спомен и обврска. Спомен за нашиот сопартиец Иле, чие име со гордост го носи оваа ораторска вечер. Обврска да продолжиме да создаваме млади луѓе со став, вредности и визија.

Благодарност до сите учесници кои покажаа дека младината знае да зборува гласно, аргументирано и достоинствено. Благодарност и до сите што беа дел од оваа вечер и ја направија посебна.

➡️ Честитки до добитниците на награди:
🥇 Оља Ангеловска;
🥈 Александар Стојков;
🥉 Ангела Андоновска.

Ќе продолжиме да градиме традиција.

Ќе продолжиме да го чуваме споменот на Иле, преку дела и посветеност.

Честит Меѓународен ден на мајчиниот јазик! 🇲🇰

19/02/2026

ТРЕТА ОРАТОРСКА ВЕЧЕР „ИЛЕ ЏИНГОВСКИ“ ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА УМС ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

По повод 21 февруари – Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, УМС Ѓорче Петров организира III-та Ораторска вечер „Иле Џинговски“.

Мајчиниот јазик е темел на нашиот идентитет, култура и традиција. Да го негуваме, почитуваме и со гордост да го чуваме македонскиот јазик.

➡️ Ве покануваме да бидете дел од оваа вечер исполнета со инспиративни говори и силни пораки.

📆 Сабота (21.02)
🕖 18:30 часот
📍 Дом на култура Ѓорче Петров

Ве очекуваме! 🇲🇰

11/01/2026

ЈАВЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА III-та ОРАТОРСКА ВЕЧЕР „ИЛЕ ЏИНГОВСКИ“ ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА УМС ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

По повод 21 февруари – Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, УМС Ѓорче Петров организира III-та ораторска вечер, посветена на слободата на изразување и моќта на зборот.

📆 Сабота | 21.02
🕖 18:30 часот
📍 Дом на култура – Ѓорче Петров

Ги повикуваме и охрабруваме сите млади да земат активно учество, да го изразат својот став и преку говорот да ја пренесат својата порака. Гласот на младите е двигател на промените и темел за подобра иднина.

Биди и ТИ дел од III-та ораторска вечер во организација на УМС Ѓорче Петров! 🇲🇰

Photos from Умс Ѓорче Петров's post 06/01/2026

Празничните денови се време кога ја чувствуваме силата и топлината на традицијата што нè обединува.

Во пресрет на Бадник, УМС Ѓорче Петров со коледарски пакетчиња ги израдува жителите на нашата општина, внесувајќи радост и празничен дух во нивните домови.

Да ги чуваме обичаите и да продолжиме да шириме добрина и насмевки.

За многу години празниците!

Photos from Умс Ѓорче Петров's post 30/12/2025

Последните денови од старата година ги заокружувме со детска радост и насмевки!

УМС Ѓорче Петров и оваа година подели новогодишни пакетчиња за најмалите, создавајќи моменти што долго ќе се паметат.

Нивната искрена среќа е потсетник дека малите гестови носат најголема радост. Среќата на најмалите е непроценлива!

Посакуваме желби за здравје, среќа и успешна 2026 година, исполнета со многу детски насмевки! 🎁

Want your organization to be the top-listed Government Service in Skopje?
Click here to claim your Sponsored Listing.

Address


Skopje
1000