PeekA'BooPhotography
Фотографирање на новороденчиња и деца 📷
📍Скопје
📩
09/06/2026
Девет месеци можеби изгледаат долго... сè додека не поминат. Бременоста е едно од најубавите поглавја во животот, но и поглавје кое многу брзо поминува. 🤰🏻
Често родителите се толку многу фокусирани на подготовките за доаѓањето на бебето што забораваат да го прослават и самиот пат до него. 🐣
Токму затоа трудничката фотосесија е повеќе од фотографирање, таа е начин да го зачувате овој прекрасен период од вашиот живот и да му подарите спомен и на вашето дете за годините што доаѓаат. 🤍
💌 Закажете ја вашата фотосесија, во порака или на 078444692
08/06/2026
Зошто да се одлучите за smash cake фотосесија за вашето бебе? 🎂✨
Овие сесии создаваат навистина преслатки и незаборавни фотографии, затоа што ја доловуваат чистата детска радост, љубопитност и првиот контакт со торта кој најчесто завршува со многу смеа и хаос. За најголем дел од бебињата ова е забавно искуство, истражување, допирање, грицкање и целосно уживање во новата „играчка“.💛
Сепак, секое бебе е различно. Кај некои, особено кај понежни или „педантни“ бебиња, може да се случи да не им се допадне текстурата или самата идеја, па затоа е важно родителите да бидат подготвени и да не се очекува дека секогаш ќе тече сè совршено, но на крајот секако резултатот ќе е искрена реакција, што е и најважно.✨
Во случајот на бебе Дарен, тоа воопшто не беше никаков проблем, тој апсолутно уживаше во ова хаотично и слатко искуство. 🎂
💌 Доколку сакате и вие ваква преслатка фотосесија за вашето бебе, закажете го вашиот термин во порака или на 078 444 692.
02/06/2026
Многу често, од различни животни причини, паровите не успеваат веднаш да направат црковна венчавка. Затоа сѐ почесто имам можност да фотографирам денови во кои венчавката и крштевката на нивните деца се случуваат заедно. ✨
Овие два чина најчесто се еден по друг и знаат да бидат динамични, особено кога во приказната се вклучени и мали дечиња. Но токму во тоа се крие нивната посебна убавина.
🪄
За време на венчавката покрај младенците не стојат само кумовите, туку и нивните деца, најубавиот доказ за љубовта што веќе ја изградиле. Па наместо ден посветен само на двајца луѓе, ова станува ден посветен на целото семејство. 🤍
И можеби не секогаш работите се случуваат по редоследот што некој го замислил или пропишал, но ваквите моменти секогаш потсетуваат дека најважно е она што стои зад нив,љубовта, заедништвото и семејството што расте и се гради низ годините. 💞
И токму затоа овие венчавки и крштевки заедно имаат една сосема поинаква, но навистина посебна магија. ✨
30/05/2026
20/05/2026
Крштевката на Илариа 🌸
•
•
•
•
•
Закажете го вашиот термин во порака или на 078444692 💌
19/05/2026
Зошто роденденската фотосесија за првиот роденден е најважна? 🤔
Бидејќи првата година е најбрзата промена што ќе ја видите во животот на вашето дете. 🐣
Сè се случува во миг, од првиот поглед, малите рачиња што се држат за вас, па сè до првите чекори и таа детска насмевка што секој ден станува поразлична. 🤩
Она што денес го држите во раце, утре веќе ќе трча низ домот, ќе открива свет и ќе расте пред вашите очи побрзо отколку што можете да го запаметите.🌿
И токму затоа оваа фотосесија не е „само за сликање“. Таа е начин да се запре времето барем за момент, да се зачува она што не се враќа, но засекогаш останува во срцето. 💙
Роденденска фотосесија што ќе остане спомен засекогаш. 🎂
Термините се пополнуваат, резервирајте го вашиот во порака или на 078 444 692!✨
12/05/2026
Пред неколку дена добив порака за закажување термин од една мајка која веќе неколку години живее надвор од Македонија со своето семејство. Сакаше да направи фотосесија како подарок за своите родители, баба, дедо и малиот Лука. 🤍
И некако… ме натера да застанам и да размислам колку навистина вредат ваквите моменти. Не сите го имаме луксузот секој ден да бидеме покрај луѓето што ги сакаме најмногу. Животот понекогаш нѐ носи далеку, а одлуките што ги носиме за подобра иднина, знаат тивко да остават празнини, пропуштени прегратки, детски насмевки што растат пребрзо, неделни ручеци и оние мали, обични моменти што подоцна стануваат најголеми спомени. 🥺
И токму затоа фотографиите значат толку многу. Тие се начин да ја зачуваш блискоста и кога километри ве делат. Да запреш еден момент што никогаш повеќе нема да биде ист. Да имаш нешто што и после години ќе те врати назад, во една прегратка, еден поглед, едно “тука сме заедно”. 🫂
Баба и дедо беа воодушевени од подарокот, но уште повеќе од тоа што добија спомен што ќе остане засекогаш. 🤍
За сите најважни моменти! 💞
Термините се пополнуваат, резервирајте го вашиот во порака или на 078 444 692!✨
Click here to claim your Sponsored Listing.