Факултет за електротехника и информациски технологии - ФЕИТ
Официјална Facebook страница на
Факултетот за електротехника и информациски технологии, Универзитет "Св. Кирил и Методиј"во Скопје
Универзитет "св. Кирил и Методиј" - Скопје
Факултет за електротехника и информациски технологии
Скопје, Македонија
14/08/2026
🎓 ИМАШ ПРАШАЊЕ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ФЕИТ? ПРАШАЈ НÈ!
Не ти е јасно како да се пријавиш? 🤔
Имаш несоодветен екстерен предмет?
Не знаеш кои документи треба да ги доставиш?
Не се мисли — прашај нè! 👇
📅 Понеделник, 17.8.2026
⏰ 13:00 – 14:00 часот
🔗https://teams.microsoft.com/meet/319552391925639?p=davi7ntPNTHejOE0po
Meeting ID:
319 552 391 925 639
Passcode:
nD2LJ3Ap
Ќе одговараме на твоите прашања и ќе ти помогнеме полесно да го направиш следниот чекор кон ФЕИТ. 💙
24/07/2026
🎯 🇲🇰 Факултет за електротехника и информациски технологии - ФЕИТ развива практични решенија засновани на вештачка интелигенција (ВИ) за потребите на македонското општество
✅ Веќе е промовиран моделот на ВИ за автоматска транскрипција во реално време, развиен во рамките на услугите на ИНОФЕИТ Европскиот дигитален иновациски хаб Innofeit EDIH кој ќе се користи во Собрание на Република Северна Македонија
За деталите од промоцијата, на која присуствуваа професорите Димитар Ташковски и Бранислав Геразов од Факултет за електротехника и информациски технологии - ФЕИТ, прочитајте на следната врска:
Средба на претседателот Гаши со професорите Ташковски и Геразов: Промовирано ВИ-решение за автоматска транскрипција во реално време за Денеска, претседателот на Сoбранието Африм Гаши оствари средба со проф. д-р Димитар Ташковски и проф. д-р Бранислав Геразов при што беше промовиран моделот на ВИ за а...
15/07/2026
📢 Лабораторијата за електрични мерења (ЛЕМ) при УКИМ-ФЕИТ успешно учествуваше во меѓулабораториска споредба на резултати од метролошко испитување на броила за електрична енергија, заедно со уште две акредитирани лаборатории од регионот. Оваа споредба претставува значајна потврда за компетентноста, точноста и квалитетот на нашите мерења. Повеќе за активноста прочитајте во продолжение.
03/07/2026
🌊 INNOVABLUE денови во Скопје – заедно кон иновации во сината економија!
Во Скопје се одржаа INNOVABLUE денови, настан посветен на развојот на иновации, одржливи технологии и меѓусекторска соработка во областа на сината економија. Настанот ги обедини претставниците на академската заедница, компаниите, институциите и иноваторите со заедничка цел – создавање нови идеи и решенија за одржлив развој.
Како партнер во европскиот проект INNOVABLUE, ФЕИТ активно придонесува кон јакнење на иновацискиот екосистем, поттикнување на трансферот на технологии и развој на нови можности за соработка во регионот.
📖 Прочитајте повеќе за настанот: https://feit.ukim.edu.mk/novosti/innovablue-denovi-vo-skopje-za-razvoj-na-inovacii-vo-sinata-ekonomija/
11/06/2026
Со огромна гордост и чест ја споделуваме веста дека истакнатиот научник, наш алумни и актуелен визитинг професор на ФЕИТ, проф. д-р Петар Поповски, е избран за нов член на престижната Кралска данска академија на науките (The Royal Danish Academy of Sciences and Letters).
Прочитајте повеќе на следната врска:
Проф. д-р Петар Поповски, стана член на Кралската данска академија на науките - ФЕИТ Со огромна гордост и чест ја споделуваме веста дека истакнатиот научник, наш алумни и актуелен визитинг професор на ФЕИТ, проф. д-р Петар Поповски, е избран за нов чл...
03/06/2026
ФЕИТ трета година по ред со пехар во женската универзитетска одбојка 🏐🏆
На 13 мај 2026 година, во рамките на женското одбојкарско натпреварување на УКИМ, одбојкарскиот тим на ФЕИТ го освои третото место, донесувајќи нов пехар на факултетот – трета година по ред.
Овој резултат е доказ за континуираната посветеност, тимскиот дух и упорната работа на нашите студентки, кои со своето залагање претставуваат вистински амбасадори на вредностите на ФЕИТ.
Деканот на ФЕИТ, проф. д-р Владимир Атанасовски, ги прими и лично ги честиташе одбојкарките, нагласувајќи дека ваквите достигнувања се инспирација за целата академска заедница.
Три години, три пехари – нека овој успех биде мотивација за уште поголеми достигнувања во годините кои следат.
22/05/2026
Со гордост споделуваме дека на свеченостите по повод одбележувањето на 77-годишнината од основањето на нашиот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“во Скопје и одбележувањето на 24 Мај, Денот на светите Кирил и Методиј, свечено беа доделени наградите за најдобро дипломирани студенти за академската 2024/2025 година. 🎓
Со особена чест и задоволство, добитник на признанието од Факултет за електротехника и информациски технологии е нашиот колега Огнен Пендаровски. 👏
Му честитаме за овој голем успех и му посакуваме уште многу професионални и лични достигнувања во иднина!
#УКИМ #ФЕИТ #24Мај #СвКирилиМетодиј #Гордост
19/05/2026
Успешно заврши уште едно одлично издание на проектот „Технологија за тебе“! 🚀
Околу 80 ученици и наставници од 11 технички училишта поминаа два дена исполнети со практична работа, натпревари и иновации во лабораторијата ФЕИТ-ФАБЛАБ. 🛠️✨
Што се случуваше?
• Професорите поминаа обука за embedded системи од MikroElektronika, а учениците се запознаа со NECTO Studio.
• Се презентираа рекорден број проекти изработени со донираната опрема.
Квалитетот и иновативноста на учениците ги надминаа сите очекувања! Овој напредок е најголемиот доказ за вредноста на „Технологија за тебе“. 💡🎓
Промоција на дипломирани инженери и магистри 2026— момент на признание за трудот, знаењето и посветеноста !
16 јуни 2026!
Големите успеси заслужуваат голема сцена, славиме во Филхармонија на Македонија.
Деталите ги имате на следниот линк: https://feit.ukim.edu.mk/novosti/soopshtenie-promocija-na-diplomirani-inzheneri-i-magistri-2026/
15/05/2026
📢 Информација за сите заинтересирани студенти на ФЕИТ и сродните факултети:
Презентација на студиска програма на англиски јазик Dedicated Embedded Computer Systems – Internet of Things DECS-IOT со можност за двојна диплома со Универзитетот Анхалт од Германија на магистерски студии.
📆18.05.2026 (Понеделник)
⏰14h
📍просторија 122
или on line
🔗Topic: Double Degree – DECS-IoT презентација
Time: May 18, 2026 01:30 PM Europe/Skopje
Join Zoom Meeting
https://zoom.us/j/91835478893?pwd=9lux4aBYtLCZ6UZ9QctceoUCABRftQ.1
Meeting ID: 918 3547 8893
Passcode: decsiot
Одлична можност да дознаете повеќе за програмата, современите IoT технологии и меѓународните академски можности. 🚀
Повеќе информации: https://feit.ukim.edu.mk/oglasna-tabla/prezentacija-na-studiska-programa-so-dvojna-diploma-na-magisterski-studii-decs-iot-3/
Презентација на студиска програма со двојна диплома на магистерски студии - DECS-IOT - ФЕИТ Почитувани студенти, На 18.05.2026 (Понеделник) во 14h ќе се одржи кратка презентација online и во живо во просторија 122 на ФЕИТ на студиската програма на англиски јазик Dedicated ...
Click here to claim your Sponsored Listing.
Category
Contact the university
Website
Address
Ulica Rugjer Boshkovikj 18
Skopje
1000
Opening Hours
| Monday | 07:00 - 20:00 |
| Tuesday | 07:00 - 20:00 |
| Wednesday | 07:00 - 20:00 |
| Thursday | 07:00 - 20:00 |
| Friday | 07:00 - 20:00 |