Производи под сач ѓомлезе флија питулици Proizvod pod sac gjomleze pitulici

Производи под сач ѓомлезе флија питулици Proizvod pod sac gjomleze pitulici

Share

производство на производи под сач или вршник https://lazareskiviktor.wixsite.com/proizvodipodsac

Photos from Производи под сач ѓомлезе флија питулици Proizvod pod sac gjomleze pitulici's post 20/07/2026

Дружење за паметење 😃🥰
Благодариме Љуб❤️јно ❤️💚❤️

20/07/2026
16/07/2026

Ве очекуваме петок на 17 јули
Задоволството е наше да ве поканиме на петтото јубилејно издание на „Фестивалот на жетвата Новаци 2026“, кое ќе се одржи на 17 и 18 јули 2026 година!
Овој фестивал е симбол на нашата традиција, земјоделска гордост и заедништво. И оваа година Новаци ќе биде место каде што ќе се слави плодната жетва, ќе се ужива во богата музичка програма, детски активности и незаборавна фестивалска атмосфера.
Покрај тоа, оваа година фирмите учесници на фестивалот ќе доделуваат вредни награди за посетителите.

Програма

17.07.2026 – ПЕТОК
• 20:00 ч. – Водени лудории со Кловнот Заги и Fantasy Lab за деца
• 20:45 ч. – Настап на играорната група „Везилка“ од Новаци
• 21:15 ч. – Свечено отворање на настанот и обраќање на градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски
• 21:30 ч. – Музичка програма со Анета Љумаковска, Елена Велевска и Надица Петрова – стенд ап комедија

18.07.2026 – САБОТА
• 20:00 ч. – Водени лудории со Кловнот Заги и урнебесна забава на замоците на дување
• 21:00 ч. – Музичка програма со Група Фаворити, Татјана Стефановска и Благојче Стојановски Туше
• 22:30 ч. – Доделување на наградите за посетителите на фестивалот од наградната игра подготвена од изложувачите
• Свечено затворање на настанот и продолжување со музичката програма

Ве очекуваме два дена 17 и 18 јули во Новаци,, сполнети со музика, смеа, детска радост, традиција и незаборавни моменти за целото семејство.

Дојдете заедно да го прославиме јубилејното издание на Фестивалот на жетвата Новаци 2026 и да ја споделиме радоста од богатата жетва и нашето заедништво!
#ФестивалНаЖетвата #Новаци2026 #Жетва #Традиција #Новаци #Култура #Музика #СемејнаЗабава

Photos from Производи под сач ѓомлезе флија питулици Proizvod pod sac gjomleze pitulici's post 04/07/2026

Благодариме Брајчино наздравје да ви биди до следна прилика. За кратко на 18 ти јули се гледаме Љуб❤️јно заедно да уживаме во вкусот на Преспа

Photos from Производи под сач ѓомлезе флија питулици Proizvod pod sac gjomleze pitulici's post 30/06/2026

Преспа ГРАД има чест и задоволство да ја презентитра програмата на осмото издание на фестивалот Запознај ја Преспа, кој оваа година ќе се одржи од 3 до 5 Јули.Во тие рамки на 4 ти јули ве очекуваме на најавтентичното традиционално ѓомлезе и најдобриот спој на производите под сач и питулици.Ќе слушаме македонски поп, корчански серенади, ресенски староградски, џез, техно....и сето тоа проследено со многу домашни јадења изготвени по традиционалните преспански рецепти од трите држави кои ги делат водите на преспанското езеро. Годинава Братичани ќе се пофалат и со реставрираниот стар казан за ракија кој ќе биде наш мал инфо центар и музеј на селото Брајчино. Во казанот годинава и проекции на два докуменатрни филма инспирирани од духот и традицијата на Преспа. Влезот на сите манифестации во рамките на фестивалот е бесплатен. Ве очекуваме.

18/06/2026

Prespa Run & Fun White LogoEU4Prespa Logo
За Prespa Fun
Повеќе од трка!

Музички артисти
Камп зона
Food Court
Водни активности
Prespa Fun?
Prespa Fun е фестивалската енергија на целиот настан. Местото каде спортот, забавата и природата се спојуваат во едно целодневно доживување покрај Преспанското Езеро.

Ве очекува food court, кампинг зона, музичка програма со диџеи и познати артисти, ладни пијалоци, традиционална храна,како и спортски и рекреативни активности.

Љубителите на активниот живот ќе можат да уживаат и во водни активности како кајакарење и SUP даски, јога на отворено, релакс зони, промо штандови и уште многу други изненадувања.

29/05/2026

Hrana-zdrava I sigurna
Emituva
Znanje I manje RTC
vo sorabotka so
Производи под сач ѓомлезе флија питулици Proizvod pod sac gjomleze pitulici

Сите го сакаат, малкумина го прават: Билјана Лазареска го чува ѓомлезето под сач од заборав! - Иновативност 02/05/2026

❤️💚❤️💚❤️

Сите го сакаат, малкумина го прават: Билјана Лазареска го чува ѓомлезето под сач од заборав! - Иновативност Билјана Лазареска е биотехнолог по професија, но последните седум години е позната како мајстор за подготовка на ѓомлезе под сач. Долгата семејна историја и споме...

Photos from Производи под сач ѓомлезе флија питулици Proizvod pod sac gjomleze pitulici's post 04/04/2026

🌿Воскресение Лазарово – Лазарева сабота🌿
Нека донесе радост во вашите домови 🏡💖,
мир и благослов 🙏,
и многу убави моменти со најблиските 👨‍👩‍👧‍👦💫.
За многу години! 🌸🕊️🍀❤️💚

23/03/2026

ПРОИЗВОДИ ПОД САЧ, СО ЉУБОВ: ПРИКАЗНАТА НА БИЉАНА ЛАЗАРЕСКА

👩‍⚕️Приказната на Биљана Лазареска, родена во Битола а мажена во Ресен, започнува со одлука да создаде нешто свое – "нешто" што сите го сакаат, а ретко кој го подготвува. Инспирацијата ја пронашла во традицијата и спомените поврзани со подготовката на ѓомлезе, кои прераснале во нејзината животна приказна.
🗣„Овој автентичен деликатес одзема многу време и енергија - потребно е труд, искуство, внимание и љубов за да биде убаво и вкусно направен - раскажува Биљана.
"Сите го сакаат а ретко кој сака да го прави“- беше мислата на која оваа вредна жена го изгради целиот свој концепт.
➡️Со едноставни состојки- брашно, кисело млеко, сол, вода и многу трпение, Биљана почнала да прави ѓомлезе, креирајќи свои стандарди. Нејзиното ѓомлезе добило повеќе варијации, а понудата постепено се проширила и со питулици и флија, задржувајќи ја традицијата и прилагодувајќи се на современите вкусови.
🗣„Производи кои ги изработувам се класично традиционално ѓомлезе, посно и мрсно, питулици со сирење и лук, праз, лук и ореви..., ѓомлезе полнето со сирење, со маслинки... Правам и флија, каде корите наместо со масло се премачкуваат со кајмак, кисело млеко и масло, а интересни се и ѓомлезиња од интегрално брашно.
Паралелно со работата и евидентниот успех кој се броеше со испразнети тепсии, растеше и нејзината љубопитност.
🐌„Преку пријателката Весна од Охрид и лепчето од кисело тесто кое го обожавам, разбрав и се запознав со Slow Food Macedonia и им се придружив.“
Слоу Фуд филозофијата совршено се вклопи во нејзиниот начин на работа. Бавно производство, посветеност и предноста на квалитет пред квантитетот. Така Биљана почна да учествува на настани што ги организира Слоу Фуд, и за брзо време стана претпознатлива: нејзините производи речиси секогаш се распродаваат до последното парче. И секогаш се бара-уште.

🎯Ова е причината зошто НИЕ сме Слоу Фуд.
Ние НЕ консумираме.
Ние избираме.
Ние сме Слоу Фуд
Сите заедно, можеме да го ПРОМЕНИМЕ светот почнувајќи од храната.
Придружи ни се!
Биди и ТИ дел од Слоу Фуд

https://shorturl.at/umRpg

✅️Слоу Фуд има вредни и инспиративни луѓе кои посветено ја прикажуваат големината на човекот преку културата на храна.

#ИјасСумСлоуФуд #ХранаЗаПромени #СлоуФудМакедонија

Want your business to be the top-listed Food & Beverage Service in Resen?
Click here to claim your Sponsored Listing.

Telephone

Address

Resen