Pekara 120ka
👇Visit us for unlimited happiness 🍀
❣️We bake Love ❣️
Сите видови на бели пецива од лиснато и природно киснато домашно тесто, и нормално препознатливиот, најквалитетен и највкусен Бурек во Градот. Домашен леб, специјални лебови и погачи во соработка со МО-ША МЕЛ. Повелете ве очекуваме.
26/04/2026
ВРАБОТУВАМЕ ПРОДАВАЧКА СО ПРЕТХОДНО РАБОТНО ИСКУСТВО, Во Куманово
Услови:
🔹 Со работно искуство
🔹 Работа во три смени
Нудиме:
✔️ ОДЛИЧНА и навремена плата
✔️ Хранарина
✔️ Бонуси според учинок
✔️ Линеарно зголемување на платата по секоја завршена работна година
✔️ Стабилно и пријатно работно опкружување
📩 Контакт телефон или вибер 070211434
Пријавување со Име и Презиме, Год. На раѓање, Адреса на живеење и Работно искуство
***Сите пријави без работно искуство во продажба во пекара ги сметаме за некомплетни.
21/04/2026
🍊✨ НОВО ‼️ НОВО‼️НОВО‼️✨🍊
Подгответе се за вистинско уживање!
Нашите нови, сочни и неодоливо меки ролници со вкус на ванила и портокал се тука да ве освојат на прв залак 🤍
Совршена комбинација од кремаста ванила и богат крем од портокал 🍊, внимателно подготвена по уникатен рецепт што нема да го најдете никаде на друго место!
🔥 ЕДИНСТВЕНИ. РАЗЛИЧНИ. НЕЗАБОРАВНИ. 🔥
Доколку сакате нешто ново, нешто посебно…
👉 Само во нашата 120ка пекара!
📍 Дојдете и пробајте – вкус што ќе ве враќа повторно и повторно!
17/04/2026
✨📣НОВО ИСКУШЕНИЕ 📣✨
KРОАСАН СО ЛЕШНИК
Фино слоевит кроасан, печен до златна совршеност…
исполнет со свилен крем од лешник, богат и неодолив.
Секој залак е тивок луксуз, создаден за вистински моменти на уживање.
Подарете си нешто повеќе од десерт.
Кроасан со лешник.
Не е само вкус — туку навика.
31/03/2026
🌸✨ Велигденската магија започнува кај нас ✨🌸
Во воздухот веќе се чувствува мирисот на топол, мек и домашен милиброд…
Мирис што буди спомени, радост и топлина во срцето 💛
🥐 Нашата понуда:
• Милиброд со суво грозје, чоколадни капки и ореви
• Милиброд со фил од кајсија и ореви
• Милиброд со грозје и крем
💫 По ваша желба – филот може да го изберете сами, токму како што го сакате!
Секој залак е создаден со љубов, токму како што доликува за Велигден 🐣
📍 Ул. Доне Божинов бр. 53, Куманово
📞 Нарачајте на: 078 211 548
🚚 Бесплатна достава во Скопје
Секој ден можете да нè посетите или да си нарачате – затоа што кај нас веќе почна да мириса на Велигден 🌷
Добредојдовте таму каде што традицијата има вкус ❤️
23/03/2026
🔥 НОВ ВКУС ШТО СЕ ПАМТИ! 🔥
Замисли топла, крцкава кифла…
внатре сочна сланина 🥓, растопен кашкавал 🧀,
кремаста павлака, свеж магданос 🌿
и оној таен „шмек“ со лук што те тера на уште еден залак…
✨ Ова не е обична кифла – ова е искуство!
👉 Совршена за појадок, пауза или кога ти треба нешто „набрзина“… ама незаборавно.
💥 Пробај ја новата КИФЛА СО СТИЛ –
каде секој залак има карактер!
17/03/2026
🔥 НОВО ВО ПОНУДА! 🔥
Пробај ја нашата нова кифла со кашкавал и пикантен суџук! 🥐🧀🌶️
Крцкава однадвор, мека одвнатре, со растопен кашкавал,богат вкус на пикантен суџук, потопена во чај и наросена со сусам – со посебен шмек што ќе те освои уште од првиот залак! 😍
👉 Совршена за појадок, а за некој и тамам ручек! 😉
📍 Дојди и пробај ја денес – вкус што се памети!
08/03/2026
Денес го славиме 8 Март – денот на силата, љубовта и инспирацијата. 🌸
Тимот на Пекара 120ка им оддава почит на сите жени кои секојдневно со својата храброст, грижа и насмевка го прават светот подобро место.
Среќен 8 Март! ❤️
11/02/2026
🤍НОВО !!! НОВО !!! НОВО !!! 🖤
🖤🤍 Спремни ли сте за највкусното Oreo искушение? 🤍
Нашите Oreo еклери не се само десерт – тие се доживување! 😍
✨ Мек и свеж еклер
✨ Богат Oreo фил внатре
✨ Кремаста бела глазура одозгора
✨ Плус крцкави Oreo трошки за совршен финиш
Секој залак е полн со интензивен Oreo вкус што ќе те натера да посакаш уште еден! 🤤
02/02/2026
✨ Кога мислиш дека не може послатко… ✨
Покрај нашите легендарни еклери, кои по ваше барање повторно се вратија во продажба,
од денес ве изненадуваме со уште една слатка ѕвезда – Принц крофните 👑✨
Совршено меки, неодоливо воздушести и богато полнети со крем што се памети 🤍
Вкус кој буди фантазија и задоволство што едноставно мора да се проба!
📍 Достапни од денес
👉 Дојдете и почестете се со кралско слатко уживање!
🇲🇰
ВРАБОТУВАМЕ ПРОДАВАЧКА ВО ПЕКАРА
🔹 Со или без работно искуство
🔹 Работа во три смени
Нудиме:
✔️ Редовна и навремена плата
✔️ Хранарина
✔️ Бонуси според учинок
✔️ Линеарно зголемување на платата по секоја завршена работна година
✔️ Стабилно и пријатно работно опкружување
📩 Контакт во порака, тел или вибер 070211434
Пријавување со Име и Презиме, Год. На раѓање, Адреса на живеење и Работно искуство
Pekara 120ka
👇Visit us for unlimited happiness 🍀
❣️We bake Love ❣️
Click here to claim your Sponsored Listing.
Category
Telephone
Address
Done Bozinov 53
Kumanovo
1300