Life Academy
Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Life Academy, Yoga studio, Улица Никола Тесла бр. 68, Bitola.
Да го промениме она што можеме да го промениме и да го прифатиме она што не можеме да го промениме.
Место за мотивација и инспирација.
Заедница каде секој е поддржан и информиран за настани и содржини што нè прават подобра верзија од себе. Добредојдовте на Facebook страната на Life academy.
Тука ќе Ве информираме за нашите редовни часови, настани, јин курсеви и работилници.
Формулар за запишување https://bit.ly/Life_academy
Како оние луѓе кои кога ве поздравуваат, ве гледаат само од аголот на очите, без дури да ја свртат главата во вашата насока. Оној поглед со доза на презир или супериорност, како да си мислат: „Што се замислува овој?“
Понекогаш веруваме дека живееме смирено: читаме длабока филозофија, се гордееме со сопствената скромност и мислиме дека ни оди сосема добро во нашиот затворен свет. Но, зад таа интелектуална изолација, честопати се крие отсеченост од светот, отсеченост од самите себе и длабока, очајна осаменост.
Тоа е сликата на еден неисполнет живот.
А ние не сакаме неисполнет, туку длабоко исполнет живот. Затоа, оваа недела физиолошки ќе ги вежбаме нозете на јин начин, а преку интероцепција ќе научиме како да бидеме посвесни, поприсутни и поисполнети во сопственото тело.
А и кога се поздравуваме со луѓето, сакаме да ја свртиме главата кон нив. Не сакаме да ги гледаме со презир, ниту пак да бидеме супериорни! 😉
📅 Недела, 27.9.2026 г.
⏰ 19:15 – 20:15 ч. (терминот е пополнет!)
#Битола
#јинјога #интероцепција #присутност #трансформација
Дали знаевте дека според Дејвид Батлер и Мајкл Шејлок, средниот нерв може да се „лизга“ дури 10 до 15 см при специфични движења на раката?
Нервите не сакаат истегнување или притисок, но обожаваат да се лизгаат!
Со вежбите за неврална мобилизација, нежно го провлекуваме нервот напред-назад за да го ослободиме доколку е компресиран или „залепен“ поради лузни, воспалени ткива или коскени израстоци (шипци).
📜 Малку фасцинантна историја... Како луѓето порано гледале на нервите?
Денес знаеме дека нервите се цврсти како снопови од оптички кабли и функционираат на електрохемиски принцип. Во XVIII век, Луиџи Галвани преку познатите експерименти со жаби открил дека нервите се проводници за електрицитет. Но, пред тоа... верувањата биле сосема поинакви!
• 🏛 Античка Грција: Зборот „нерв“ доаѓа од neuron (тетива/жила). Аристотел мислел дека срцето е централниот орган и дека сите анатомски канали за чувство и движење (кои ги сметал за тетиви и крвни садови) водат и завршуваат во срцето. Но, Гален подоцна докажал дека сите нерви извираат од мозокот и ‘рбетниот мозок.
• 🕊 Животински дух: Порано се верувало дека низ нервите тече „чувствителна душа“ (животински дух) која управува со движењето — сè додека Галвани не докажал дека тие всушност спроведуваат електрицитет.
• 👨⚕️ XI век: Мастер Николаус од Салерно е меѓу првите што ги поделил нервите на моторни (за движење) и сензорни (за чувство).
📅 Недела, 27.9.2026 г.
⏰ 18:00 – 19:00 ч.
#Битола
#јинјога #невралнамобилизација #јогамакедонија #нервенсистем
22/09/2026
Во положбата „Отворено крило“, дланката не мора да биде во линија со рамото.
Функционалната цел е едноставно да се најде соодветно ниво на истегнување во внатрешната страна на раката и во градите. За некои луѓе тоа значи дека раката ќе биде поставена повисоко, а за други – пониско.
Во функционалниот пристап нема естетски правила.
Фокусот е на функцијата, а не на формата.
Секоја недела
18:00 – 19:00 | 19:15 – 20:15
#јинјога #Битола
21/09/2026
Јин јогата е безбеден простор за да забавиме, да се подружиме со себе и да се поврземе со сè што е околу нас и во нас.
Дали сте подготвени да внесете повеќе јин енергија во вашиот живот?
📅 Недела
⏰ 18:00 – 19:00 ч.
⏰ 19:15 – 20:15 ч.
#јин #јинјога #јога #Битола
Никој друг на светот ја нема твојата генетика, твојот профил на ДНК, ниту точниот облик на твоите коски и еластичноста на лигаментите. Никој ја нема твојата историја на повреди, но ниту твоите победи.
Затоа, воопшто не е важно како изгледа положбата кај некој друг. Важно е само едно — како таа се чувствува во твоето тело.
Оваа недела се посветуваме на колковите и колената за да го истражиме клучното прашање: Каде е границата помеѓу удобноста и растот?
Различни ткива реагираат на различен стимул, затоа комбинираме два пристапи:
• Долготрајно статичко затегнување — за фасцијата, лигаментите и длабокото сврзно ткиво;
• Ритмички, повторувачки притисок и ослободување — за хидратација на ’рскавицата и исхрана на зглобовите.
Научи да го слушаш сопственото тело и да му го дадеш токму она што му е потребно за раст и здравје.
📅 Недела, 20.9.2026 г.
⏰ 19:15 – 20:15 ч. (терминот е пополнет!)
#Битола
#јинјога #лигаментиитетиви #фасција #хондроцити #јога #биомеханика #соматскодвижење
Древните јогиски текстови често опишуваат одредени положби како „уништувачи на сите болести“. Поради ваквите традиционални ветувања, многу луѓе слепо се обидуваат да ги форсираат своите тела во форми кои едноставно не се наменети за нивната коскена структура.
Современата биомеханика покажува една сосема поинаква реалност: кога една положба се форсира без соодветна анатомија на колковите, таа не ги уништува болестите, но може да ги уништи колената.
Поентата на движењето никогаш не е да го оштетиме телото за да влеземе во некоја „совршена“ форма.
📅 Недела, 20.9.2026 г.
⏰ 18:00 – 19:00 ч.
#битола
#јинјога #биомеханика #соматскодвижење
14/09/2026
Дали можете да му се препуштите на искуството без да се обидувате да го промените, да манипулирате со него или да го контролирате?
Тоа е суштината на јин јогата.
📅 Недела
⏰ 18:00 – 19:00 ч.
⏰ 19:15 – 20:15 ч.
#јинјога #јога #јогабитола
Секој ден поминуваме часови во статични и несвесни „јин“ положби, без разлика дали седиме пред компјутер или стоиме во место. Телото се прилагодува на овие положби, што води до скратување на ткивата и намалување на мобилноста во колковите, нозете и ’рбетот.
Оваа недела работиме на компензација и неутрализирање на овие секојдневни обрасци.
Преку контролирана екстензија, надворешна ротација, абдукција и латерална флексија, го изложуваме телото на опсези на движење кои се занемарени во текот на денот.
• 📅 Недела, 13.9.2026 г.
• ⏰ 19:15 – 20:15 ч. (терминот е пополнет)
#битола
#јинјога #биомеханика #мобилност #анатомијанадвижење
„Само затоа што некој добро го носи товарот, не значи дека не е тежок...“ 🤍
Вратот, рамениот појас и подлактиците се зони каде што најчесто се акумулира мускулен тонус, затегнатост и намален опсег на движење.
На овој час работиме со механички стрес и фасцијално попуштање на горниот дел од телото:
• Мобилност на лопатките и рамениот зглоб;
• Редуцирање на мускулната напнатост (пост-изометриска релаксација и фасцијален притисок во пределот на трапезиусот, ромбоидите, подлактиците и предниот дел на рамениот појас);
• Екстензија и торзија на торакалниот 'рбет;
• Невромобилизација;
📅 Недела, 13.9.
⏰18:00 ч.
📩 Поради ограничен капацитет, пријавувањето е во порака (ДМ)
#Битола
#јинјога #раменпојас #мобилност #невромобилизација #торакаленрбет #анатомијанадвижење #соматскодвижење #здраврбет
08/09/2026
Уште од 70-тите и 80-тите години, кога знаењето за јогата се прошири во светот, се учеше дека постои идеално естетско порамнување за секоја положба кон кое сите треба да стремиме и дека тоа е единствениот безбеден начин на практикување.
Бевме заведени да веруваме дека за да ја постигнеме „целосната форма“ на некоја положба, мораме да ги порамниме петите, да ја поставиме потколеницата паралелно со горниот раб на подлогата и слично, за да ги имаме сите придобивки од неа.
Благодарение на револуционерната работа на Пол Грили, денес знаеме дека не постои совршен изглед на положбите, затоа што формата на нашите коски значително влијае врз начинот на кој ги изведуваме.
Дали сè уште сметате дека нема да ги имате придобивките ако не изгледате ‚совршено‘?
#функционалнајога #јога #превенцијаодповреди
Click here to claim your Sponsored Listing.
Category
Contact the business
Telephone
Address
Улица Никола Тесла бр. 68
Bitola
7000
Opening Hours
| 18:00 - 21:00 |