TERA TV
На страната на гледачите 📺
www.tera.mk
Вашите коментари за информациите кои што ги објавуваме се добредојдени, но порталот Тера.Мк согласно својата уредувачка политика, го задржува правото да ги отстрани оние коментари кои содржат повикување на верска, расна, национална омраза, содржат директни повици на насилство или пак дискриминираат по основ на родова, социјална, етничка припадност или сексуална определба.
16/09/2026
ТРОТОАРОТ – МЕ САКА, МЕ НЕЌИ, ТРЕВАТА – ЦАРСТВО ПРИРОДНО, КОРИТОТО – ЖИВО ОПАСНО БЕЗ ОГРАДА. ОВА Е СЛИКАТА ШТО ДЕНЕСКА ЈА РЕГИСТРИРА КАМЕРАТА НА ТЕРА ТЕЛЕВИЗИЈА, ДОЛЖ ГОРДОСТА НА БИТОЛА – РЕКАТА ДРАГОР
Поразителана е приказната што би ја раскажала реката Драгор за односот на овие новите, Битолчаните од 21 век. Коритото на реката Драгор долж делот покрај општинската зграда, ректоратот, противпожарната, архивот и Горната гимназија, историски најстариот дел кадешто имало вистинска речна променада, сега наликува на заборавена зона.
Најпрвин за реката. Во неа повторно има густа вегетација, изникнати цели „острови“ од некои диви растенија кои се пробиле низ натрупани камени наноси. Камените ѕидови на коритото на повеќе места се покриени со вакво неконтролирано израснато растение, што наликува дека корито нема, туку дека се работи за селско поточе покрај пат. Од страната без ограда оживеало, па чиниш го освојува патот.
📺 повеќе во Актуел во 16:55ч
Спасено куче од реката Драгор
Куче останало заробено во коритото на реката Драгор, а во помош му пристигнале битолските пожарникари. Акцијата заврши со среќен крај, а четворицата вклучени пожарникари добија благодарност и големо „Браво“ од околните минувачи. Животот е спасен, четириножниот пријател повторно е на суво и отворено, а пожарникарите уште еднаш покажаа дека нивната работа не е само да спасуваат од пожари.
16/09/2026
Кошаркарскиот клуб „Зоран Петковски – Петкото“ ќе биде организатор на првиот Меморијален кошаркарски турнир посветен на битолската кошаркарска легенда Зоран Петковски.
Турнирот ќе се одржи денес и утре во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.
Турнирот има хуманитарен карактер, а средствата собрани од влезниците ќе бидат искористени за набавка на спортски реквизити за училиштата.
16/09/2026
СОСТОЈБА НА ПАТИШТАТА:
Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено и по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања.
На патниот правец Битола–Прилеп и понатаму во сила е времен режим на сообраќај поради градежни активности поврзани со Коридорот 10Д, со пренасочување на дел од сообраќајот кај Лагово и Тополчани.
Внимателно возете и почитувајте ја сообраќајната сигнализација.
Среќен пат каде и патувате денеска!
СОСТОЈБА НА ПАТИШТАТА - ТЕРА Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено и по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, а на граничните п...
15/09/2026
Битола до јуни реализирала само 23,5% од капиталните расходи за годинава
Општина Битола во првите шест месеци од 2026 година реализирала само 23,5% од планираните капитални расходи, покажува Кварталниот извештај за извршување на Буџетот за периодот од 1 јануари до 30 јуни.
За капитални расходи се предвидени околу 977,7 милиони денари, а до 30 јуни се реализирани 229,6 милиони, односно помалку од една четвртина од планираното.
Особено впечатлива е структурата на реализацијата. Од 151 капитален проект, дури 111 до 30 јуни немаат реализирано ниту еден денар. Најголем дел се инфраструктурни проекти – улици, водоводна и канализациска мрежа, спортски објекти и училишта.
Со нула реализација се реконструкцијата на јужната страна од бул. „1 Мај“ (13 милиони денари), локалниот пат за Магарево (над 12 милиони) и сообраќајницата за комплексот болници (8,5 милиони). Без реализација се и повеќе проекти за водовод и канализација, како и инфраструктурата во АРМ.
Особено загрижувачки е што за три типски спортски сали во ОУ „Стив Наумов“, ПООУ „Даме Груев“ во Долно Оризари и ОУ „Тодор Ангелевски“ се предвидени околу 115 милиони денари, но до 30 јуни нема реализација. Нула реализација има и кај 10-те милиони денари за атлетската патека на Тумбе кафе.
Сепак, дел од проектите се реализираат со висока динамика. Реконструкцијата на „8-ми Септември“ е реализирана над 91%, детската градинка во АРМ околу 73%, а дел од проектите за водовод и канализација над 90%.
Од 151 проект, 111 се со нула реализација, 15 се под 50%, 19 се меѓу 50 и 99%, а шест имаат реализација од 100% или повеќе.
За разлика од капиталните инвестиции, тековните расходи се реализираат поредовно: платите и придонесите 44,3%, стоките и услугите 48%, договорните услуги 50%, привремените вработувања 57%, а субвенциите и трансферите околу 58%.
Бројките отвораат клучно прашање: зошто тековните расходи се реализираат со планираната динамика, додека кај 111 капитални проекти нема потрошен ниту еден денар?
Одговорот се очекува во расправата за Кварталниот извештај на седницата на Советот на Општина Битола на 18 септември.
#твтера #вести #ОпштинаБитола
15/09/2026
Пет кривични пријави за пожари во Битола и битолско
СВР Битола поднесе пет кривични пријави против четири лица и едно правно лице поради сомнение дека предизвикале пожари во периодот од јуни до септември 2024 година.
Меѓу пријавените има лице кое запалило оган во нива кај Братиндол, друг кој палел стрниште кај Кременица, како и лице кое, според МВР, оставило неизгасена скара кај Лопатица, по што избувнал пожар.
Пријавен е и жител кој запалил плевна во Црнеец, а огнот се проширил на сувата трева.
Кривична пријава има и против правно лице поради пожар во Стрежево, кој, според МВР, бил предизвикан од искрење на жици паднати од електричен столб.
Сите случаи се однесуваат на кривичното дело „предизвикување општа опасност“. За пријавените лица станува збор за сомнение, а не за правосилно утврдена вина.
📺 Повеќе во Актуел во 16:55ч.
Повторно депонија на битолската обиколница
15/09/2026
Сервисни информации за Битола
Во Битола денеска се најавува планиран прекин во снабдувањето со електрична енергија. Од 7:30 часот до 12:30 часот без струја ќе бидат делови од улиците „Христијан Т. Карпош“, „Смилевска“, „Петар Дељан“ и „Ваташа“, со околните објекти.
Од ЈП „Водовод“ засега нема известување за прекин во водоснабдувањето.
Во меѓувреме, градежни работи продолжуваат на улиците „Дебарска“ и „Чеде Филиповски“, каде што се изведува реконструкција на инфраструктурата. Возачите и жителите во овие делови од градот се советуваат да бидат внимателни и, каде што е можно, да користат алтернативни правци. Улицата „Маркс и Енгелс“ исто така останува меѓу локациите со активни инфраструктурни работи.
Сервисни информации за Битола - ТЕРА Во Битола денеска се најавува планиран прекин во снабдувањето со електрична енергија. Од 7:30 часот до 12:30 часот без струја ќе бидат делови од улиците „Христијан Т. К....
15/09/2026
СОСТОЈБА НА ПАТИШТАТА:
Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено и по суви коловози. Во Пелагонија, патот Битола–Прилеп кај Тополчани е повторно прооден по вчерашната блокада. Сообраќајот надвор од градските средини е зголемен, а АМСМ предупредува на внимателно возење поради можност од одрони на одредени делници.
На граничниот премин Меџитлија–Ники нема подолги задржувања.
СОСТОЈБА НА ПАТИШТАТА - ТЕРА Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено и по суви коловози. Во Пелагонија, патот Битола–Прилеп кај Тополчани е повторно прооден по вчерашната ...
Временска прогноза за денес 🌤️
https://tera.mk/денеска-претежно-сончево-време-2/
Click here to claim your Sponsored Listing.
Category
Contact the business
Telephone
Website
Address
Janko Paligora Bb
Bitola
7000
Alerts
Be the first to know and let us send you an email when TERA TV posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.