Golem Izvor
Нашиот професионален однос и услуга се насочени кон задоволството и потребите на нашите потрошувачи.
“Голем Извор” е семејна компанија со традиција долга 30 години, лоцирана во Битола, со историја која започнува во 1989 година. Компанијата во тој период започнува под името “Извор”. Основна дејност на компанијата e продажба на храна, пијалоци, производи за лична хигиена и хигиена на домот. Основач на компанијата е Цане Момирчески, познат во нашиот регион, како еден од најистакнатите производители на зеленчук. Покрај земјоделското производство во 1995 година се започнува со активности за изградба на фарма за свињи, која датираше се до 2002 година, кога по барање на нашиот партнер млекара “Идеал Шипка” изградивме ладилен простор за нивни потреби. Со зголемувањето и проширувањето на работата имавме потреба од поголем капацитет.
Во Март 2012 година со работа започнува Ладилник “ГОЛЕМ ИЗВОР”, со капацитет од 10.000 m3 и се состои од 8 дворежимски комори и 2 преткомори, во кои се складира секаков вид смрзнати производи, како и секаков вид производи во свежа состојба. Дел од капацитетот на ладилникот се користи за сопствени потреби, а дел се изнајмува на клиенти од регионот.
Покрај постоечкиот дуќан, кој датира од самото постоење на компанијата,во 2015 година се проширува со отворање на уште еден маркет.
Во 2019 година “Голем Извор” започнува со инвестиција во нов проект “Малина Плус”, односно плантажно одгледување на малина, на површина од 10,5 хектари, во Пелагонискиот регион, како и инсталирање на тунел за интензивно ладење и длабоко замрзнување и машини за сортирање и пакување на малини. Моментално во компанијата постојано се вработуваат 15 луѓе, а во текот на сезоната бројот се зголемува и достигнува 80 луѓе.
Компанијата работи согласно НАССР и ISO 22000 стандардот, а во тек е и имплементација и сертификација на IFS Food стандардот за квалитет и безбедност на храна.
15/10/2026
📢 СТАНИ ДЕЛ ОД НАШИОТ ТИМ!
Маркет ИЗВОР ЕДЕН - ул. Прилепска 60А, го проширува својот тим и има потреба од продажен персонал.
Доколку си одговорен/а, комуникативен/а и сакаш да работиш во пријатна и динамична работна средина, ова е вистинската можност за тебе.
Не е неопходно претходно работно искуство – најважни ни се желбата за работа, одговорноста и позитивниот однос кон купувачите.
📩 Аплицирај уште денес и стани дел од семејството на Маркет ИЗВОР ЕДЕН!
11/10/2026
Честит 11ти Октомври - Ден на народното востание!🇲🇰
10/10/2026
08/09/2026
Честит 8ми Септември! 🇲🇰
Денес одбележуваме 35 години независност, слобода и заедништво.
Со гордост го славиме патот што го градиме заедно и со верба продолжуваме кон уште поубава иднина.
Честит Ден на независноста! 🇲🇰
Click here to claim your Sponsored Listing.
Category
Contact the business
Website
Address
Industriska Bb
Bitola
7000
Opening Hours
| Monday | 06:00 - 22:00 |
| Tuesday | 06:00 - 22:00 |
| Wednesday | 06:00 - 22:00 |
| Thursday | 06:00 - 22:00 |
| Friday | 06:00 - 22:00 |
| Saturday | 06:00 - 22:00 |
| Sunday | 09:00 - 17:00 |
Alerts
Be the first to know and let us send you an email when Golem Izvor posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.