BV Business Group
ЗАЕДНО ЈА ГРАДИМЕ ВАШАТА ВИЗИЈА ⭐ BV Business Group
BV Business Group е една од најкрупните бизнис групации во овој дел на Македонија која делува во повеќе индустрии: градежништво, енергетика, нови технологии, едукација и угостителство.
Сѐ започна во сега далечната 2002 година, кога е формирана првата од редица компании кои потоа следуваа, а која во континуитет 20 години бележи раст и успеси.
Тоj старт е поврзан со нашата прва компанија - БВ инженеринг.
Она што BV Business Group го има како потенцијал е само дел од приказната.
Затоа на прашањето “Што правиме?” ние сакаме да објасниме “Како тоа го правиме!”
Посветени сме на највисоки стандарди на квалитет во секој проект на кој работиме и во секоја од дејностите кои ги сервисираме.
Секоја наша активност и одлука, секоја наша стручност и посветеност кон врвен резултат во секој сегмент од сите наши тимови, искуството и резултатот кој го испорачуваме кон нашите клиенти, не одликува со она што сме денес. А тоа е посветеност на создавање на трајни вредности.
БВ БИЗНИС ГРУП има важна улога во социо-економскиот развој на државата бидејќи придонесува во облата на градежништвото, инвестициите, производството и трговијата. Водејќи се од есенцијалните принципи на меѓусебно почитување и доверба меѓу сите учесници во бизнис процесот (клиенти, партнери, финансиски институции и вработени) веруваме дека до успехот се стигнува само преку соработка која се базира на меѓусебно разбирање.
Ние сме BV Business Group ⭐️ групација со визија за новото време
08/09/2026
35 години независна приказна. Истиот код. Нашата земја. Нашето сонце! Да живее Македонија!
01/09/2026
Има нешто посебно во објектите што ја носат приказната на едно време...
BV Inzenering, го зачувуваат нивниот карактер, автентичност и секој детаљ што ги прави вредни!
🏰 Од областа на објекти од културно наследство изведуваме:
- заштита
- одржување
- конзервација
- реставрација на објекти
✔ 047/223-346
www.bving.com.mk
Градењето е наш предизвик!
31/08/2026
Септември е на прагот, месецот кога пристигнува есента и повторно не враќа во канцелариите. 🍂
Одморени, полни со свежи идеи и нови планови, се насочуваме кон добра завршница на годината. Време е за нова енергија, нови предизвици и уште подобри резултати. Во нив секогаш ни помагаат нашите PR LINK Marketing. 🙏
🪜 Вистинската маркетинг стратегија не само што прави разлика, туку одредува кој ќе расте, а кој ќе остане незабележан. Побарај понуда денес [email protected]
27/08/2026
Денес потсетуваме дека Concrete Company се единствен овластен дистрибутер на производите на „Кнауф“ за Битола. Овој производ и уште бројни други, можете да ги најдете кај нив, на улица Шералти 11 во Битола, наспроти „Пржо“, во близина на комплексот „Арена“. Повеќе информации за достапните производи на телефонскиот број 076/282-330 и на нивните социјални мрежи.
🔵 Овој производ можете да го најдете кај нас, на улица Шералти 11 во Битола наспроти „Пржо“, во близина на комплексот „Арена“. Ние сме единствениот овластен дистрибутер на производите на „Кнауф“ за Битола. Повеќе инфо на 076/282-330.
🟠 Oxxi S 1.5 mm e готов акрилен завршен слој со загребана структура, идеален за надворешни ѕидови, фасади и плафони. Обезбедува висока пародифузност, долготрајна заштита и модерен изглед на секоја површина. Достапен е во широка палета на бои и проверен квалитет со ЕТА доказ во систем.
26/08/2026
📢 Добар ден! TOP STEEL ING имаат подружница на Косово. Првиот проект веќе започна. Сега е моментот кога ќе докажат што ги прави најдобри!
📍 Погледнете каде ја ставаме следната точка на мапата! Отворивме подружница на Косово. Нашиот прв проект таму е ремонт на електраната КЕК.
🔴 Од челик до трајни вредности!
[email protected]
070/250-538
PR LINK Marketing, фала Ви што на Ваш единствен начин ни помагате секој ден, да бидеме се подобри! 🙏
20/08/2026
🧩 За маркетинг приказна што не личи на останатите, PR LINK Marketing...
📢 Маркетингот не е тоа што сите го прават. Оние што се паметат, зборуваат поинаку. За поинаква маркетинг приказна, побарај понуда денес на [email protected]
11/08/2026
⚪️ И оваа година, Bv Business Group со поддршка на традиционалниот настан ШИРОК СОКАК ВО БЕЛО - Бела ноќ во Битола!
🤍 Битола има диџеи и артисти со кои се гордее!
🇲🇰 Македонија има врвни музичари, а музиката најубаво звучи на македонски!
🎶 Се гледаме на 22 август на плоштад Магнолија!
БИТОЛА, ОВА Е ВАШАТА БЕЛА НОЌ 🤍
Ветивме дека сцената ќе им ја дадеме на македонските артисти.
Еве ги.
На 22 август, плоштадот „Магнолија“ станува голема отворена сцена за македонска музика, за различни генерации и за песни што ги знаеме наизуст и некои што допрва ќе ги запееме заедно.
Од сетот на DJ Chiko, Никола Зацески и Алексеј Ивановски, преку Паркети и Ѓоко Танески со бендот, до Дац и Александар.
Различни генерации. Различен звук.
Една македонска сцена.
А пред неа жителите на Битола облечени во бело.
Илјадници луѓе на улиците, полн Широк Сокак, полн плоштад Магнолија и она чувство што не се става во програма, кога цел град ќе излезе заедно и ќе почне да дише во ист ритам.
22 АВГУСТ | ПЛОШТАД МАГНОЛИЈА
Ние ја подготвивме сцената.
Тие ја носат музиката.
Вие само облечете бела облека.
Широк Сокак во бело | Бела ноќ Битола 2026 🤍
05/08/2026
🌃 За некои вакви августовски вечери посакуваме летото да нема крај...Бидете дел од овие два настани на Оркестар DIVA - Orchestra DIVA!
✨️ Поддржано од BV Business Group, групација со визија за новото време!
Flowers Symphony - панданот на Виена во Битола на две локации и со повеќе од 100 учесници
Ова лето Вам, нашата верна публика, ве очекува освежена програма која ќе ве однесе низ најубавите музички светови, и тоа од безвременските италијански канцони, преку највпечатливите оперски арии, до легендарните филмски теми кои оставиле неизбришлива трага во светската кинематографија. Ќе прозвучат композиции од најголемите филмски композитори, меѓу кои Енио Мориконе, Џон Вилијамс, Ханс Цимер и други автори чии мелодии ги обележаа најпознатите филмови на сите времиња, ќе споменеме само еден од нив - Гладијатор.
На сцената ќе настапат: Јаворка Витанова, Виолета Арсовска, Зана Абази-Рамадани (Косово), Хорот „Гортинија“ од Гевгелија, под водство на Илија Атанасов, специјални гости: Наде Талевска и Билјана Талевска.
Со повеќе од 100 учесници на сцената, под диригентската палка на Владимир Димовски, Flowers Symphony ќе ви приреди вечер исполнета со емоции, романтика и музика која долго ќе остане во сеќавање.
📍 17.08 – Пацио на НУ Завод и Музеј Битола | 21:00
📍 18.08 – Долни Сарај, Охрид | 21:00
Карти во продажба на yournextevent.info, Тобако Димпо, и кај Аждер.
02/08/2026
🇲🇰 Денес оддаваме почит на двата Илиндена, 123 години од Крушевската Република и 82 години од Првото заседание на АСНОМ. Овие историски настани ги поставија темелите на македонската државност и остануваат вечен симбол на борбата за слобода, единство и достоинство. Нека е честит и вечен Илинден!
Click here to claim your Sponsored Listing.
Category
Contact the business
Website
Address
Улица Елпида Караманди бр. 13 зг. 1 лок . 10
Bitola
Opening Hours
| Monday | 07:00 - 15:00 |
| Tuesday | 07:00 - 15:00 |
| Wednesday | 07:00 - 15:00 |
| Thursday | 07:00 - 15:00 |
| Friday | 07:00 - 15:00 |
Alerts
Be the first to know and let us send you an email when BV Business Group posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.