Skopje Wine Salon - Vinodonia
Share Your Wine Passion
Визија
· Интернационален и традиционален настан со изложбен и дегустационен карактер кој ќе се одржува секоја година со единствена цел да го зголеми бројот на посетители, винарии и вински критичари
Мисија
· Наша мисија се нашите клиенти како и секојдневните бизнис активности во нашата група. Ни’ причинува задоволство да им помогнеме на нашите клиенти да нивните производи да добијат на видливост и
22/12/2025
Заврши деветтото издание на Скопски вински салон Винодонија 2025 а впечатоците ни се како и секогаш одлични, мешавина од прекрасни и весели моменти, емоции, едукативни информации и нови вински искуства.
Имавме два цели денови исполнети со дружење, винска едукација, супер музика и пред се врвна вина. Македонските вински ѕвезди ги покажаа своите најјаки адути но и странските винарии беа претставени на високо ниво потврдувајќи го интернационалниот карактер на Винодонија.
"Патувавме" од Лепово брдо и виничка Кршла преку Радовишко виногорје и кратовскиот вулкански тероар. Од таму до Фриули, Тренто, Тоскана, Прованса, Бордо, Алзас па се до Црна Гора, Австрија и Шпанија.
Уживавме во заедничките вински моменти споделувајќи ги со вас сите нови и омилени вински етикети. Голема благодарност до сите" вински патници" кои што патуваа со нас на Винодонија 2025 и искрено се надеваме дека Винодонија ќе остане ваш омилен вински настан во Македонија.
Сепак остануваат уште многу неистражени вина и региони од огромниот непресушен вински свет.
Затоа, веќе од утре почнуваме со подготовките за следното јубилејно издание на Винодонија 2026 на кое што ќе прославиме 10 години споделување винска страст во Македонија. Дотогаш, Ве поздравуваме со висока крената чаша која што секогаш е половина полна и ви посакуваме успешна година.
20/12/2025
Одбројувањето започна... уште неколку часа остануваат до почетокот на најважниот вински настан во Македонија - Винодонија 2025.
🎫Билети можете да купите на следниот линк: https://vinodonia.mk/shop/
❤️ Дојдете и споделете ја вашата винска страст.
17/12/2025
🍷 Скопје повторно ќе пулсира во ритамот на виното.
✨ Винодонија 2025 е елегантен вински салон кој се доживува со сите сетила.
📍Погледнете ја деталната програма за сабота и недела.
🎫 Картите се пуштени во продажба и можете да ги набавите на следниот линк: https://vinodonia.mk/shop/
15/12/2025
Покана за патување низ светот на Виното и Крстарењата Винодонија 2025 , 20 Декември од 18.00 часот , Хотел Marriott. Запознајте ја МАГИЈАТА на крстарењата и уживајте во вкусовите на избраните вина од 5 континенти. Отвараме нови хоризонти – Крстарење низ светските меридијани
Коузон ТРАВЕЛ и Grand Cru Ве канат на винско патување низ светот на извонредни вински вкусови и ароми, претставувајќи ги нај добрите вински региони од 5 континенти и понуди за крстарења за 2026 година.
Бидете дел од нашата презентација и секако бидете дел од Винодонија 2025.
GoCruise.mk ќе ги претстави најпопуларните понуди за Крстарење за 2026 година
Grand Cru ќе ги “спари” специјално избрани вина од 5 континенти со селектираните крстарења по 5-те континенти.
За да бидете дел од нашиот настан треба да резервирате место. Сакаме да ја споделиме нашата винска страст и магијата на крстарењата со најголемите и нај популарни cruises компании
Декември 20-21 , Хотел Marriott Скопје од 16-22 часот
Вкус на нови хоризонти: Крстарене низ светските меридијани co Kouzon Go Cruise и Grand Cru by Wine.mk Покана за патување низ светот на Виното и Крстарењата Винодонија 2025 , 20 Декември од 18.00 часот , Хотел Marriott. Запознајте ја МАГИЈАТА на крстарењата и уживајте во вкусов...
14/12/2025
🧪 Едукативен мастерклас со споредбена дегустација 🍷
📚 Стручно и едукативно предавање од нашиот реномиран енолог за новитетите во винската индустрија. Професорот Миланов ќе не запознае со одредени ензими и квасци коишто се користат во современото винарство и како тие влијаат на севкупниот ароматен профил на виното. Занимлив теоретски дел проследен со практични примери и споредбена дегустација на направени вина со различни квасци. Одлична можност за сите винари кои би го прошириле своето знаење, но и за винските љубители кои сакаат да нурнат подлабоко во тајните на винарството.
👤 Предавач: Проф. д-р Горан Миланов
📅 Сабота, 20 декември – 13:30 ч.
📍 Skopje Marriott Hotel – Meeting Room D (прв кат)
🎟️Картите се во ограничен број и може да ги набавите на следниот линк:
Влијанието на одредени инактивни квасци врз ароматниот профил на виното Стручно и едукативно предавање од нашиот реномиран енолог за новитетите во винската индустрија. Професорот Миланов ќе не запознае со одредени ензими и квасци коиш...
13/12/2025
🍇 Вертикална дегустација на архивски примероци од виното „Cuvée de Prestige“ од винарија Камник🍷
✨ Уште една ексклузивна претстава во режија на најпрестижната македонска винарија Камник што ќе се најде на овогодинешниот репертоар на Винодонија.
🍷 Уникатна можност да пробате осум одлично зачувани вина од скапоцената архива на Камник од најдобрите берби назад низ годините, што ќе се служат во различни големини на шишиња, од стандардни 0.75 л. па се до Magnum и Jeroboam (Double Magnum) формати.
🗣️ Нивниот сомелиер Јане Неданоски ќе нè води назад низ времето на најуспешните берби и ќе ни објасни како разликите во климата и квалитетот на грозјето влијаеле на стилот на нивното повеќепати наградувано „Cuvée de Prestige“.
❓ На крајот, останува на вас да одлучите – која берба е ваш фаворит?
👤 Предавач: Јане Неданоски, сомелиер
📅 Недела, 21 декември – 16:00 ч.
📍 Skopje Marriott Hotel – Meeting Room D (прв кат)
🎟️Картите се во ограничен број и може да ги набавите на следниот линк:
Chateau Kamnik CUVÉE DE PRESTIGE низ годините – Вертикална дегустација на архивски примероци од виното „Cuvée de Prestige“ од винарија Камник –Уште една ексклузивна претстава во режија на најпрестижната македонск...
13/12/2025
🍇Винските нијанси на австрискиот тероар
🌍 Возбудливо винско патување низ прекрасните ридови и лозја на Австрија, следено со практична дегустација на шест селектирани вина од реномирани австриски винарии. Ќе се запознаеме со тероарот на Австрија, нејзините региони и подрегиони, вински регулативи и правила, категории на квалитет, како и со нејзините локални и автохтони сорти на грозје – преку кои ја стекнала својата репутација како една од најпочитуваните вински земји во светот.
🌟 Ќе дегустираме:
🍷Leo Hillinger Gelber Muskateller 2024
🍷Sohm & Kracher Gruner Veltliner Alte Reben 2023
🍷Kracher Zweigelt Trocken 2020
🍷Leo Hillinger DAC Leithberg Blaufränkisch 2021
🍷Kracher Spätlese Cuvee 2023
🍷Kracher Trockenbeerenauslese NV
👤 Предавач: Александар Миливојевиќ, сомелиер
📅 Недела, 21 декември – 14:00 ч.
📍 Skopje Marriott Hotel – Meeting Room D (прв кат)
🎟️Картите се во ограничен број и може да ги набавите на следниот линк:
Запознај ја винска Австрија Возбудливо винско патување низ прекрасните ридови и лозја на Австрија следена со практична дегустација на шест селектирани вина од реномирани австриски винарии. ....
12/12/2025
🍇 Времеплов низ Бордо со Château Lanessan 🍷
🕰️ Ретка можност за винско патување низ времето со еден од највпечатливите имоти од Бордо – Château Lanessan. Во рамки на Винодонија 2025, благодарение на нивниот македонски партнер и увозник Grand Cru, ќе имате привилегија да дегустирате пет исклучителни берби што оставиле трага на светската винска сцена.
🍷 Chevalier de Lanessan, Haut-Médoc 2019
🍷 Château Lanessan, Haut-Médoc 2021
🍷 Château Lanessan, Haut-Médoc 2016
🍷 Château Lanessan, Haut-Médoc 2009
🍷 Château Lanessan, Haut-Médoc 1986
🌟 Ова е несекојдневна можност за продлабочување на винското искуство – преку вкус, историја и емоција. Настанот е наменет за љубопитните ентузијасти, но и за професионалците кои сакаат повеќе од само дегустација.
👤 Предавач: Александар Миливојевиќ, сомелиер
🎟️Картите се во ограничен број и може да ги купите на овој линк:
Патување низ времето со Château Lanessan – винската ѕвезда од Бордо Ретка можност за запознавање со познатото „шато“ од Бордо – винаријата Château Lanessan и одлична прилика за дегустација на неколку нивни архивски вина кои оставиле тра...
12/12/2025
🍷 Вино + храна = љубов на прва голтка 🍽️
✨ Најинтересниот дел од винското уживање е неговото спарување со соодветно јадење. Правилното комбинирање на вино со храна е голем предизвик и обврска не само за професионалните сомелиери и готвачи, туку се повеќе станува и вистински моден тренд помеѓу винските љубители.
🧠 Кои се основните принципи на спарување вино со храна, на кои замки треба да внимаваме, колку сензорните карактеристики на винската сорта играат улога во процесот и како техниката и начинот на подготовка на јадењето влијаат врз вистинскиот избор на вино?
🔍 Ќе ги разбиеме некои од најчестите митови, но и ќе дообјасниме некои веќе прифатени навики и избори кога станува збор за виното и храната. Интересно теоретско предавање за сите вински и кулинарски ентузијасти, но и корисно потсетување за професионалците од угостителскиот сектор.
👤 Предавач: Александар Вучковски, сомелиер
📅 Сабота, 20 декември – 12:00 ч.
📍 Skopje Marriott Hotel – Meeting Room D (прв кат)
🎟️Картите се во ограничен број и може да ги купите на овој линк:
Основи на спарување вино со храна Вино + храна = љубов на прва голткаНајинтересниот дел од винското уживање е неговото спарување со соодветно јадење. Правилното комбинирање на вино со храна е голем ....
10/12/2025
📸 Минатогодишната Винодонија 2024 беше спој на вкусови, средби и моменти што сè уште се паметат...
🎬Со истиот ентузијазам го најавуваме деветтото издание на нашиот заеднички вински салон – Винодонија 2025!
🍷 Очекувајте нови вина, нови вкусови и добро познатата винска магија.
🎫Картите се пуштени во продажба и можете да ги набавите на следниот линк: https://vinodonia.mk/shop/
📅 Зачувајте ги датумите:
20–21 декември 2025 | 16:00 – 22:00 | Хотел Мериот, Скопје
❤️ Дојдете и споделете ја вашата винска страст.
Click here to claim your Sponsored Listing.
Category
Contact the business
Telephone
Website
Address
Скопје